Вулгарна и навредлива објава
Објавено во Рецензии
on 13 - 06 - 2016 Автор: Димитар Тануров[Рецензија: (ФОТО) ВАКОВ РОПАК ЕДНАШ МАЈКА РАЃА, А ВТОРИОТ ПАТ ГО АБОРТИРА]
Рецензираме исклучително вулгарна објава која тешко може да помине дури и како „статус“ на социјалните мрежи. Овој материјал фактички нема текст, туку само фотографија и насловна коснтрукција која е олицетворение на примитивизам и на чист простотилак!
Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) ВАКОВ РОПАК ЕДНАШ МАЈКА РАЃА, А ВТОРИОТ ПАТ ГО АБОРТИРА
Датум и време на објавување: 06.06. 2016
Датум на рецензирање: 13.05.2016
Рецензент: Димитар Тануров
ПРОСТОТИЛАК!
Медиумскиот производ пред нас, според својата форма, би требало да биде фото-вест во која преку фотографија и мал опис ќе се прикаже настанот. Сепак, тоа не е случај со оваа објава. Во неа воопшто нема содржински дел, односно не пренесува никаква информација за настанот, кој не е лоциран ниту временски, ниту просторно. Наместо тоа, употребен е вулгарен јазик за дисквалификување и за оцрнување на личноста која е во фокусот на фотографијата, а тоа е експремиерот Никола Груевски.
Ваквиот начин на изразување е спротивен на новинарските стандарди. Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат, но истовремено, не смеат да го користат јазикот на омразата, да дискриминираат по која било основа или, пак, да навредуваат. Во конкретниот случај не се прави разлика меѓу вест, коментар и лично мислење, а ниту, пак, има професионална дистанца.
Со написот се нарушени повеќе членови од Кодексот на новинари:
Член 10
Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа.
Член 13
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Член 14
Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Член 15
Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.
Член 16
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови

