Лични навреди и вулгарности за Ахмети претставени како вест!
Објавено во Рецензии
on 21 - 11 - 2016 Автор: Adrian Kerimi
Напис: По митингот во Куманово, Али Ахмети право во болница
Откако кумановчани не го примија во својот град, г. Али Ахмети завршил во психијатриската болница „Бардовци“ во Скопје!
Жал ми е за него, но него ќе го фатат клетвите на албанските мајки, крајот ти се ближи и се надевам дека си свесен за ова.
[Рецензија: По митингот во Куманово, Али Ахмети право во болница]
Aко се разбира суштината на веста, тогаш и ќе се знае да се напише вест. Секој коментар, лично мислење или, пак, неконструктивна критика, не може да се категоризира како вест. Сепак, другите жанрови овозможуваат вашето мислење да се пренесе и без да биде вест, туку критика, било површна или, пак, професионална и подлабока – со содржински пораки и без да загрози нечиј интегритет. Азбуката на новинарството е етиката. Ако една вест се пишува без да се почитува етиката, тогаш немаме работа со вест, туку со непрофесионална содржина.
Текстот што го рецензираме, бидејќи нема ниту еден елемент поради кој би можеле да го наречеме вест, уште на прв поглед се гледа дека не е напишан од еден професионален новинар. Тие неколку редови се напишани колку за да се објави нешто и, пред сè, за да се упатат остри критики кон едно лице, што не можело да се направи на некој друг начин.
Како прво, текстот не почнува со актуелност, туку со минатото. Како второ, само преку една позајмена фотографија, која сигурно е преземена без согласност од лицето кое ја објавило и без да се цитира изворот, е даден заклучок што не се докажува никаде во текстот.
„Откако кумановчани не го примија во својот град г. Али Ахмети завршил во психијатриската болница „Бардовци“ во Скопје!“
Линк до оригиналниот напис: „По митингот во Куманово, Али Ахмети право во болница”
Датум и време на објавување: 15.11.2016
Датум на рецензирање: 16.11.2016
Рецензент: Адриан Керими
Новинарот сноси одговорност за јавно кажаниот збор. Но, гледајќи го овој напис, прашање е дали е напишан од новинар кој својата работа ја врши професионално. Сепак, кој и да ја составува содржината, треба да сноси одговорност за тоа што го напишал. Комуникацијата со јавноста треба да биде етичка и да не се внесуваат емоции, навреди и омаловажувања. Во спротивно, сè што е недокажано, непотврдено и недоанализирано, не само што се коси со правилата на професијата, туку може и да се коси со законот и да заврши со судска постапка.
„Жал ми е за него, но него ќе го фатат клетвите на албанските мајки, крајот ти се ближи и се надевам дека си свесен за ова“.
Дека текстот е напишан за да се провоцира и божем да се критикува една личност, се докажува во вториот, кој е и последниот ред на оваа „вест“. Озборуваното лице кое го гледаме на фотографијата и да завршело во одделението за душевни болести (што не е вистина), зошто требало да се коментира и воедно да се клевети за него во една вест?!
Личното мислење за јавноста не смее да се претстави како факт. Впечатоците и личните оценки, кои се дел од овој текст, може да бидат дело на читателите, електоратот или, пак, политичките противници, но никако на еден новинар кој треба да информира само во интерес на јавноста.
Текстот е почнат накриво и завршил уште понакриво. На почетокот се спомнува тоа што му се случило на Ахмети во Куманово, но на крај од текстот нема заднина и информации кои би го потсетиле читателот околу тоа што навистина се случило. Овој текст можеби нема да побуди голем интерес во јавноста затоа што целиот е неструктуриран и не е нареден и приспособен во согласност со професионалните начела, но и со етичките правила.
Како таков, овој текст е само една лична навреда претставена како вест!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
ПРИСТРАСНОСТ
не
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност, комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови