Втори април, Меѓународен ден на проверката на факти
Објавено во Актуелности
on 2 - 04 - 2017 Автор: Administrator
Втори април е промовиран како Меѓународен ден на проверката на факти од страна на Меѓународната мрежа за проверка на факти основана при Институтот „Поинтер“ од Сент Питерсбург, сојузна држава Флорида, САД, во соработка со организациите за проверка на факти во светот.
Како што вели организаторот на настанот на својата веб-страница, „ова не е само обичен настан, туку верување дека повеќе од кога било е потребна проверка на фактите во политиката, во новинарството и во сите други области“.
Денот, не е случајно одбран, велат организаторите. Станува збор за ден кој доаѓа по меѓународниот ден на шегата (и на лагата, н.з.), за да се истакне значењето на проверка на фактите.
На веб-страницата може да се најдат и упатства како да се прави „факт-проверка“ и зошто е тоа важно.
„Метаморфозис“ – Фондацијата за интернет и општество, заедно со своите медиумски проекти „Сервис за проверка на фактите во медиумите“ и „Вистиномер“ е единствен член од Македонија на глобалната мрежа за проверка на факти составена од 45 невладини и медиумски организации.