verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Врескачки“ тенденциозно

on 25 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

07222015-Vecer-Alb-Kradec-crop-resize

[Рецензија: Чувајте се! Албанец се обидел да ограби македонско семејство во Парга]

 

Ова е еден од оние гранични примери на неетичко новинарство. Колку е важна националната или етничката припадност на крадецот, на ограбените или на тој што го пријавил грабежот или предупредил за него? Воопшто не е важна.

Но, пред да преминеме на елаборација на нашата констатација од претходниот став на оваа рецензија на новинарскиот извештај за тој настан, ќе се повикаме на членот 10 од Кодексот на новинарите, кој вели:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

07222015-Vecer-Alb-KradecЛинк до оригиналниот напис: Чувајте се! Албанец се обидел да ограби македонско семејство во Парга

Датум и време на објавување: 21.07.2015, 20:19

Датум на рецензирање: 24.07.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Кражбата, настанот за кој известува оваа медиумска содржина, веројатно е редовна појава во ова време во туристичките места. Тука не сакаме да потцениме што било во врска со оваа појава ниту, пак, траумата на ограбените. Напротив, сочувствуваме со нив, но тврдиме дека нема никаков знак дека се работи за тренд Албанци да ограбуваат Македонци и само Mакедонци континуирано. Тaков тренд би бил вреден за новинарска информација, но вака имаме само една сензационалистичка вест.

Тоа го потврдува и насловот. Тој е „врескачки“ и тенденциозен.

Оттаму, се повикуваме и членот 11 од Кодексот на новинарите кој квалитетно и предупредувачки го дополнува и претходно споменатиот, 10. член од Кодексот:

Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија.

За жал, од непознати причини, на некои новинари им се далечни овие препораки, но затоа, пак, тука се граѓанските медиумски „стражи“ да регистрираат и да укажат на нив.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Најверојатно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

Скриен

не потикнува на насилство

Скриено

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови