Во новинарството нема место за лажни вести
Објавено во Рецензии
on 15 - 02 - 2017 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: ЗАЕВ ПОТВРДИЛ НА ХАРТИЈА: Прифаќаме двојазичност на цела територија!]
Текстот што го рецензираме е чиста манипулација и невистина и има цел да го деградира лидерот на најголемата опозициска партија, Зоран Заев. Самиот наслов на написот „Заев потврдил на хартија: Прифаќаме двојазичност на цела територија!“ е еден голем спин и лага, а е пренесен на начин да изгледа како вистина и како да е извлечен од сигурни и добро проверени извори.
Но, кога ќе го отворите текстот, ќе видите дека напишаното не е точно.
Линк до оригиналниот напис: ЗАЕВ ПОТВРДИЛ НА ХАРТИЈА: Прифаќаме двојазичност на цела територија!
Датум и време на објавување: 13.02.2017
Датум на рецензирање: 14.02.2017
Рецензент: Ана Анастасовска
ИСКРИВЕНА СЛИКА
Прво, написот се повикува на текст објавен на „Телевизија 24“. Но, не е посочен линк до изворната информација и токму тоа е искористено за истата да се „филува“, да се пласираат погрешни информации и на читателот да му се создаде искривена слика.
„Според ДУИ, засега потврдуваат дека Заев удрил параф на предлог за употребата на јазиците, односно двојазичноста, со што де факто, Заев веќе и формално прифатил спроведување на двојазичност на целата територија на Р.Македонија“.
Тука се наведува дека Заев „удрил параф“ на предлогот на ДУИ за употребата на јазиците, односно се нагласува дека прифатил двојазичност.
Но, такво нешто нема во изворната информација објавена на „Телевизија 24“.
„Но од ДУИ не сакаат да прецизираат што сè има во пакетот освен предлог закон за алабанскиот јазик кој го потврдуваат и дали пакетот го содржи се она што од ДУИ го побараа. Од СДСМ, пак, само кусо велат дека документот е еден“, пишува „Телевизија 24“.
Значи, документот што Заев му го испратил на Ахмети содржи предлог-закон за употреба на албанскиот јазик, но тоа автоматски не значи дека целосно го прифатил предлогот на Ахмети. Имено, во случај кога нема конкретни информации и податоци, не може ништо со сигурност да се тврди.
Целта на овој напис е очигледна. Да се нападне Заев за нешто за што нема црвсти аргументи и докази и тој да се деградира како политички лидер.
Во новинарството е незамисливо и недозволиво вестите да се толкуваат самоволно, а уште пострашно е кога се измислуваат информации.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, неофицијални
релевантни, нерелевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови