verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Во несреќно избран наслов се жали што во Владата нема заразени со коронавирус

on 10 - 04 - 2020       

[Рецензија: ПУ ЈАЗК, во Владата нема заболени од корона вирус]

Медиумскиот напис што го рецензираме, всушност, е пренесен одговор на новинарско прашање кон министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција на која беше прашан дали меѓу функционерите има лица позитивни на коронавирусот. Но, она што вџашува е начинот на кој се информира во насловот. Очигледен е вредносниот суд дека е ,,штета” што никој во Владата нема коронавирус! Ова не само што е невкусно, туку е и крајно несериозно во професионалното новинарско известување.

Линк до оригиналниот напис: ПУ ЈАЗК, во Владата нема заболени од корона вирус

Датум и време на објавување: 07.04.2020

Датум на рецензија: 10.04.2020

Рецензент: Мирослава Бурнс

Новинарскиот Кодекс е дециден дека новинарот нема свесно да создава или преработува информации кои ги загрозуваат човековите права и слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по било кој основ. Новинарските правила се јасни, начинот на информирање во време на болести, елементарни непогоди и несреќи мора да биде ослободен од сензационализам.

Но, со насловот од овој напис кој, инаку, во содржинскиот дел е сосема коректен, е постигнато токму спротивното,  пласиран е опасен став дека е штета тоа што во Владата нема заболени од Ковид 19?!

Спротивно на елементарните човечки вредности е да се посакува болест на кого било, а особено во медиум, каде одговорноста од јавно изречениот збор е голема, поради досегот до многу личности и креирање на јавното мислење преку написите.

Исто така, насловот треба да биде сублимат и кратко сиже на она што се кажува во текстот, а во време на епидемии и ширење на заразна болест се препорачува особена внимателност во изборот насловите. Ова е важно бидејќи се претпоставува дека ќе има еден дел од читателската публика што ќе го прочита само насловот, без да се информира подетално за останатиот дел.

Освен тоа, во Кодексот на новинари е наведено дека новинарот ќе се придржува и на општоприфатените општествени стандарди на пристојност и почитување на разликите во државата. Значи, дури и новинарот лично да не се согласува со политиките на одредена влада, тоа на никој начин не смее да се види преку посакување на заразна болест.

Доплнително, во случај на пандемија и определување на мерката изолација или самоизолација, функцијата воопшто не е важна. Епидемиолозите ги гледаат и политичарите и сите други луѓе на еднаков начин.

A, со ваквиот начин на пласирање на текстот, една пристојно пренесена прес- конференција на  министерот за здравство, е засенета од комплетно несреќно избран наслов.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ