Во чија полза и интерес се искривува иронијата?
Објавено во Рецензии
on 19 - 10 - 2016 Автор: Adrian KerimiНапис: Во чија полза и чиј интерес Мухамед Зекири „МУКИ“ бара ВМРО-ДПМНЕ да го забрани албанскиот јазик!?
Поранешниот новинар, Мухамед Зекири „МУКИ“, сегашен функционер на македонската опозициска партија СДСМ, ја потресол албанската јавност, при што преку еден пост на социјалната мрежа „Фејсбук“ побарал од македонската партија на власт ВМРО-ДПМНЕ да ги предложи уставните измени за забрана на албанскиот јазик во Македонија.
„Бидејќи двојазичноста е актуелна и патриотите на режимот не ја затвораат устата и продолжуваат да го изразат својот гнев и неконтролирана омраза, сакам само да ги потсетам дека со гласовите на нивната матична партија, ВМРО-ДПМНЕ, беа изгласани уставните измени со кои е средено ова прашање. И бидејќи сега ова нешто толку им пречи, им препорачувам на „Курир“, „Република“ и на сличните, да пренесат дека ги повикувам нивните шефови од ВМРО-ДПМНЕ да предложат законски измени и да ја забранат употребата на албански јазик во Македонија. Го имаат потребниот број заедно со нивниот коалиционен партнер ДУИ“, пишуваше функционерот на СДСМ, Мухамед Зекири, на својот фејсбук-профил.
Инаку, агенцијата за вести „Журнал“ беше првата што го предвиде преминувањето на Мухамед Зекири „МУКИ” во СДСМ и ги стави под прашалник неговите намери дека наводно преминал во оваа партија „ЗА ОПШТОТО ДОБРО НА АЛБАНЦИТЕ“, и овој последен статус ги докажува уште еднаш објавените написи од нашата агенција во врска со неговиот премин и политички цели.
Во чија полза и интерес бара Мухамед Зекири „МУКИ“ од ВМРО-ДПМНЕ да го забрани албанскиот јазик, тоа не се знае? Но ова јасно докажува дека неговиот премин во СДСМ не бил само за интересите на Албанците, туку можеби и да работи против овие интереси со самиот факт што бара да се забрани албанскиот јазик со закон и ова го бара од македонската партија ВМРО-ДПМНЕ.
[Рецензија: Во чија полза и чиј интерес Мухамед Зекири „МУКИ“ бара ВМРО-ДПМНЕ да го забрани албанскиот јазик!?]
Коментарот треба да се разликува од веста. Доколку редакцијата одлучила да направи коментар или едиторијал за конкретниот случај, ова треба да се нагласи и текстот соодветно да се категоризира. Веста во никој случај не смее да поседува елементи на коментар. Дел од веста не е ниту проценката, ниту категоризирањето од страна на новинарот. Новинарот нема право да го изрази своето лично мислење како факт или аргумент, а уште помалку да навлезе во правото на читателите. Проценките ги дава само јавноста!
„Поранешниот новинар, Мухамед Зекири „МУКИ“, сегашен функционер на македонската опозициска партија СДСМ, ја потресе албанската јавност, при што преку еден пост на социјалната мрежа „Фејсбук“ побара од македонската партија на власт, ВМРО-ДПМНЕ, да ги предложи уставните измени за забрана на албанскиот јазик во Македонија“.
Линк до оригиналниот напис: „Во чија полза и чиј интерес Мухамед Зекири „МУКИ“ бара ВМРО-ДПМНЕ да го забрани албанскиот јазик!?“
Датум и време на објавување: 11.10.2016
Датум на рецензирање: 12.10.2016
Рецензент: Адриан Керими
Еден став од социјална мрежа не може одеднаш да биде основа за вест. Од друга страна, политичките убедувања се нешто лично, додека прашањето за тоа во чија полза оди пораката на спомнатата личност е нешто за кое самиот новинар не може да наметнува заклучок. Со оглед на ова, новинарот е обврзан да ги почитува разликите и убедувањата.
„Инаку, агенцијата за вести „Журнал“ беше првата што го предвиде преминувањето на Мухамед Зекири „МУКИ“ во СДСМ и ги стави под прашалник неговите намери дека наводно преминал во оваа партија „ЗА ОПШТОТО ДОБРО НА АЛБАНЦИТЕ” и овој последен статус ги докажува уште еднаш објавените написи од нашата Агенција во врска со неговиот премин и политички цели“.
Хипотетичките заклучоци се само една капка вода во океанот на непрофесионалноста во овој текст, и над сè, тие воопшто не треба да бидат дел од веста како жанр. Доколку авторот сака да ги „декодира“ јавните излагања на јавните личности, има можност преку еден коментар или мислење да го изрази своето мислење.
Во текстот, авторот не само што ја игра улогата на критичар на една политичка опција, туку целосно ја промашил ироничната поента на Мухамед Зекири. Нема да навлегуваме во тоа дали ова е намерно или не. Тоа што можеме со сигурност да кажеме е дека политичките ставови не се работа на новинарот. Тој нема професионално и етичко право во еден информативен жанр да пропагира или да проценува како познавач на околностите или како предвидувач и да ѝ наметне нешто на јавноста преку валкање на една јавна фигура што мисли поинаку од него.
„Во чиј прилог и интерес бара Мухамед Зекири „МУКИ“ од ВМРО-ДПМНЕ да го забрани албанскиот јазик, тоа не се знае? Но ова јасно докажува дека неговиот премин во СДСМ не бил само за интересите на Албанците, туку можеби и да работи против овие интереси, со самиот факт што бара да се забрани албанскиот јазик со закон и ова го бара од македонската партија ВМРО-ДПМНЕ“.
Написот нема хронологија на развивање и завршува така како што почнува, со коментар. Доколку веста е основана на ставот на еден член на СДСМ, овде има повеќе „тесто“ за вест. Во овој случај, еден професионален новинар би побарал партиски став за да се појасни ставот на партискиот член, реакции од другите партии, но и од познавачите на областа или на политичките настани.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови