verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Внимателно селектирани парчиња од кои не се гледа дека прстот е вперен во власта

on 6 - 11 - 2015       

http___kanal5.com_.mk_vesti_detail.asp_ID82640-crop-resize

 

[Рецензија: Средба на Заев со европратениците Ховит и Питела]

 

Прилогот што е пред нас ги премолчува најважните поенти од изјавите на претседателот на групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент (ЕП) – Џани Питела и европарламентарецот Ричард Ховит, дадени по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев (4 ноември 2015 година).

Овој материјал прикрива дека двајцата дипломати експлицитно посочија дека одговорноста за неспроведувањето на Договорот од Пржино е кај ВМРО-ДПМНЕ и кај нејзиниот лидер и ги повикаа да ги исполнат обврските од Договорот. А, токму со ваквото селективно прикажување на информациите, написот свесно се става во заштита на владејачката партија.

http___kanal5.com.mk_vesti_detail.asp_ID=82640Линк до оригиналниот напис: Средба на Заев со европратениците Ховит и Питела

Датум и време на објавување: 04.11.2015, 18:41

Датум на рецензирање: 05.11.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ЦЕНЗУРИРАНО

Написот известува за средбата на претседателот на СДСМ со двајцата пратеници на Европскиот парламент, но тоа го прави на непрофесионачлен начин. Во него се наведени прецизни извори на информации и точно се пренесени фрагменти од изјавите дадени на заедничката прес-конференција. Проблемот е во тое што се одбрани внимателно селектирани парчиња, од кои не се гледа дека прстот е вперен во власта, па јавноста не добива објективна информација за настанот.

Имено, во прилогот се кажува дека ервропратеникот Питела изразил разочарување поради пробивањето на рокот – 20 октомври, за назначување министри во согласност со Договорот од Пржино. Меѓутоа, презентиран е дел од неговата изјава од кој не може да се види конкретно од кого е разочаран:

„Повикуваме Македонија да ја покаже потребната посветеност и итно да го имплементира Договорот, на конструктивен начин и во добра волја. Ние веруваме дека спроведувањето на Договорот од Пржино е најдобриот начин за излез од оваа политичка криза… Сите партии да покажат добра волја, да ја возобноват својата посветеност кон Договорот и да дејствуваат кон исполнување на договорените мерки во апсолутна итност којашто ја налага ситуацијата. Неуспехот да се спроведе Договорот ќе влијае на оценкит на Европската комисија.“

Во текстот не е пренесена клучната порака на Питела упатена до премиерот и до Владата:

„Го повикуваме премиерот да го финализира договорот околу нерешените прашања на договорот од Пржино и брзо да ги спроведе потребните реформи за да се обезбедат еднакви  услови  за кредибилни  избори кои ќе бидат признаени  од домашанта и меѓународната јавност, како и одговорност за можни злоупопотреби.“ (од 0.30 до 1,02 минута од видеозаписот)

Исто така, на гледачите воопшто не им е прикажана изјавата на Ховит во која тој прецизно кажува:

„Одговорноста за неспроведувањето на Договорот не е лежи во СДСМ, туку во ВМРО-ДПМНЕ. Не е премногу доцна да се влијае на извештајот на ЕУ за напредок на Македонија, но во прашање се часови, не денови  за да се постигне конечен договор. Сега е  моментот.“ (од 1,02 до 1,28 минута од видеозаписот)

Во конкретниот случај, очигледна е намерата овие пораки на странските дипломати да не допрат до јавноста. Тоа е постапка која е во спротивност со професионалните стандарди (првиот амандман), кои подразбираат дека новинарите не смеат да прикриваат суштински податоци. Во преамбулата на новинарскиот Кодекс, пак, децидно е наведено дека:

Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите.

Тоа, за жал, не е испочитувано во овој селективен прилог, кој, всушност, најверојатно е „позајмен“ од Македонската информативна агенција и пласиран без да се каже дека е преземен од друг медиум. Тоа, исто така,  претставува пропуст.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови