verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Внимание: вклучен партискиот детектор за небулози!

on 31 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

http___kurir-mk_makedonija_vesti_u

 [Рецензија:Уште еден демант за небулозното интервју на Чомовски со Богоевски и лагите искажани на Телма (ФОТО)]

 

Една од првите работи што се учат во новинарската практика е дека и „немам што да изјавам“ е – изјава! Од друга страна, пак, изјави, искази на јавни личности, политичари и на припадници на други јавни професии, без оглед колку и да се штури и неодредени, невистинити, груби, се вистинско богатство бидејќи јавно искажаниот збор е еден од темелите на кои треба да се потпира вистинитата информација, како основа на објективно и професионално новинарство.

И затоа, насловот „Уште еден демант за небулозното интервју на Чомовски со Богоевски и лагите искажани на Телма“, на написот што го рецензираме е првиот аларм што се вклучува уште пред да се прочита овој текст. Оценката дека се работи за небулозно интервју на Слободан Богоевски, некогашниот прв човек на УБК и личност длабоко инволвирана во многу настани од важност за политичкиот и општествениот живот во Македонија последниве дваесетина години, личност, најблаго кажано, исклучително добро информирана за детали од заткулисните игри во политичкото и бизнис-миље на Македонија и пошироко на Балканот, е сè само не – новинарски став.

Не навлегувајќи во тоа дали Богоевски, во интервјуто за „Телма“ (кое е повод за овој напис, а кое, патем, предизвика вистински земјотрес во домашната јавност), бил или не бил интересен соговорник, дали кажал точни или неточни факти, дали бил пристрасен или објективен кога изнесувал податоци за одредени личности, неговите искази се основа и богат извор на елементи од кои еден новинар, еден медиум понатаму ќе истражи или утврди дали се работи за вистина или лага, а, ако е доволно способен, и ќе докаже зошто е кажано тоа што е кажано. Едно интервју може да биде атрактивно или здодевно, во зависност од тоа со какви прашања новинарот се обидел да ја извлече вистината од соговорникот и колку тој бил расположен да зборува за вистината, колку тоа интервју предизвикало бранувања или поминало незабележано во јавноста, но никако „небулозно“. Тврдењето дека интервјуто било „небулозно“ е политички, а не став базиран врз какви било новинарски стандарди и критериуми. Новинарите не се занимаваат со тоа дали некоја изјава е небулоза, туку ја истражуваат нејзината вистинитост!

Рецензија:Внимание, вклучен партскиот детектор за небулози!Линк до оригиналниот напис: Уште еден демант за небулозното интервју на Чомовски со Богоевски и лагите искажани на Телма (ФОТО)

Датум и време на објавување: 27.10.2016, 18:53

Датум на рецензирање: 29.10.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

ОБВИНУВАЊА И НАВРЕДИ

Написот се базира на две фотографии објавени на фејсбук-профил на едно лице, за кое се вели дека бил внук на Драган Богдановски, основачот на ВМРО-ДПМНЕ, со кои се поткрепува тврдењето дека Сашо Мијалков бил член на партијата уште од 1990 година. Освен фотографиите, за кои може да се каже дека се направени поодамна, во самиот текст нема ниту еден факт но затоа има непоткрепени тврдења, обвинувања и навреди, упатени до Слободан Богоевски, во стил на лична пресметка со него:

„Слободан Богоевски во своите „5 минути слава“ вчера искажа безброј лаги, без ниту еден аргумент“.

И ова и другите тврдења се напишани без повикување на каков било извор од што останува само да се заклучи дека тврдењето е став на авторот и на редакцијата. Меѓутоа, личниот став на новинарот никогаш не е начин на кој се пишува вест или информација, тој се соопштува во коментар, осврт, колумна, а не маскиран во форма на информативен текст.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. • Новинарите имаат право на свое мислење, став и вредносен суд, но не смеат сопственото мислење да го камуфлираат како факти. • Мора да биде јасно разграничено што се факти и информации, а што коментар, претпоставка или став на авторот за да се одбегне дезинформирање и манипулирање со публиката. (Прирачник за етика во новинарството, ЗНМ)

Во оваа реченица, на пример, нема факт ниту вест, но има мислење и има коментар:

„Интервјуто на Александар Чомовски со Слободан Богоевски беше интервју во кое беа искажани лаги се со цел да се изманипулира јавноста, во пресрет на изборите закажани на 11 декември“.

 

 

КОЈ КОГО И ЗА ШТО ДЕМАНТИРА?

Кој тоа тврди дека во интервјуто се искажани лаги, новинарот или некој неименуван извор? Како и врз основа на што е утврдено дека соговорникот на Чомовски сакал да ја изманипулира јавноста во пресрет на изборите? Дали двете фотографии, на кои, според тврдењето, фигурира и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, се доказ дека целоото интервју на Богоевски, долго повеќе од 70 минути, е лага?Кој изнесен детаљ или тврдење од страна на Богоевски, поточно, демантираат овие две фотографии? На ниту едно од овие прашања текстот не дава одговор.

Овој напис за своите сериозни тврдења не дава докази со исклучок на двете фотографии, но единствено што тие би можеле да потврдат е дека Сашо Мијалков и лица од кругот на основачите на ВМРО-ДПМНЕ се познавале во минатото, но не можат да го демантираат целото интервју на Богоевски.

Патем, во насловот се вели „Уште еден демант…“, а во самиот текст не се наведува кој друг претходно го демантирал Богоевски. Написот се повикува само на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое се вели дека Богоевски ќе добие тужба за клевета пред надлежниот суд (не наведувајќи притоа за што точно). Тужба за клевета не е демант, тоа ѝ е јасно и на читателската публика на која овој текст ѝ се обраќа.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

единствен факт е дека имало интервју на Богоевски

делумно

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови