verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ВМРО-ДПМНЕ може да се шегува, СДСМ не може…

on 14 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

infomax-za-shilegov

 

[ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ИМАЛ ПОТРЕС НА МОЗОК: Додуша, имал потрес ама не на мозокот, бидејќи главната состојка недостига!]

 

 

Текстот кој е предмет на оваа рецензија од мравка прави слон. Имено, написот е тенденциозен и без никакви основи си дозволува да атакува личности од опозицијата, претставувајќи ги како некакви монструми.

 

petre-shilegov-imal-potres-na-mozok-dodusha-imal-potres-ama-ne-na-mozokot-bidejkji-glavnata-sostojka-nedostiga-infomax-mkЛинк до оригиналниот напис: ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ИМАЛ ПОТРЕС НА МОЗОК: Додуша, имал потрес ама не на мозокот, бидејќи главната состојка недостига!

Датум и време на објавување: 11.09.2016

Датум на рецензирање: 14.09.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НАВРЕДИ УШТЕ ВО НАСЛОВОТ

Самиот наслов на написот содржи навредливи зборови за портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Ваквиот наслов воопшто не е креативен, но е сензационален и во голема мера тенденциозен, односно има цел да го навреди Шилегов дека бил без мозок.

„Додека граѓаните исплашени и вознемирени ги напуштаат своите домови поради силните земјотреси кои денеска го тресат Скопје, СДСМ во свој стил се потсмева со целата ситуација“.

На почетокот од текстот веќе се открива спинот и насоката во која оди манипулацијата со читателите и обидот да им се исперат мозоците. Додека траела паника и страв кај граѓаните од земјотресите, функционери од СДСМ се смееле, односно биле бездушни и фаќале сеир. И сето тоа е изведено како заклучок од неколку статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“.

 

ХУМОРОТ – ОРУЖЈЕ ПРОТИВ ДРЖАВАТА?

Значи, ако некој се пошегува во врска со нешто, во ситуацијава со земјотресот, веднаш тој се етикетира како непријател на македонскиот народ. Каква глупост!

Социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ во неделата беа полни со шеговити написи во врска со земјотресот, но тоа не значи дека некој посакува некому да му се случи нешто лошо. И на денот по поплавите што се случија во Скопје на 6 август социјалните мрежи беа полни со секакви статуси. Тогаш функционери на ВМРО-ДПМНЕ се шегуваа дека по дождот Коце Трајановски ќе пуштел и снег.

Овој напис е спротивен на сите новинарски стандарди. Тој е политички мотивиран и тенденциозен. Има цел да манипулира со читателите и да ги убедува во нешто што нема никаква основа.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

не апликативно