verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Власта создава атмосфера на линч: Пешевски веднаш да поднесе оставка!

on 16 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Фронтот за слобода на изразување, НВО Инфоцентар, Хелсиншкиот комитет за човекови права, „Метаморфозис“, „Цивил“, „8 Септември“, Македонскиот центар за европско образование, „Плоштад Слобода“, Центарот за современи уметности, „Окно“ и Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, изразуваат голема загриженост поради се почестите напади врз новинари, сопственици на медиуми и на граѓански активисти кои имаат критички однос спрема власта и нејзините политики, се вели во соопштението објавено на 16 јули.

Потписниците објавија:

Вчерашниот физички напад на вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски врз сопственикот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски, но и соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, претставуваат јасен и недвосмислен показател за атмосферата на линч и на насилство во општеството, која постојано ја создаваат и ја засилуваат власта и нејзините приврзаници.

Вицепремиерот Пешевски, како висок функционер во Владата на РМ, треба да знае дека неговата приватност е многу помала од онаа на обичниот граѓанин и дека во секое време и на секое место треба да биде отчетен и транспарентен за својата работа.

Имајќи го предвид сето ова, бараме Пешевски да си поднесе итна и неотповиклива оставка, а надлежните институции да ги преземат сите мерки за расветлување и за санкционирање на овој насилнички акт.

Едновремено, бараме надлежните институции да ги преземат сите мерки за откривање и за казнување на сторителите и на сите други напади врз критичарите на власта, кои се случија во изминатите неколу месеци.

 

Извор: Соопштение на Фронтот за слобода на изразување, 16 јули 2015 година.