Вистината во новинарството не содржи пристрасност
Објавено во Рецензии
on 7 - 10 - 2015 Автор: Benjamin Arifi
[Рецензија: „Писарите„ на „Беса„ грдно се излажаа со „Унитети„]
Teкстот што е предмет на нашата рецензија се однесува на извитоперувањето или прикривањето информација од јавноста. Целата вест, којапочнува конфузно, зборува за некои „медиуми на движењето Беса“, коишто, наводно, дезинформирале за формирањето фракција од редот на незадоволни членови на ДУИ.
Линк до оригиналната вест: „Писарите“ на „Беса“ грдно се излажаа со „Унитети“
Датум и време на објавување: 21/09/2015
Датум на рецензија: 30/09/2015
Рецензент: Бењамин Арифи
Без да ја докаже сопственоста на медиумите за кои зборува или нивната поврзаност со движењето „Беса“, таквата квалификацијана на авторот едноставно останува клевета, на која не ѝ е местото во еден новинарски напис.
„Се чини, на фората најдобро наседнаа, порталите на малата „Беса“, кои што восхитени од „измамата“, побрзаа да објават вест дека се било готово за формирање на нова политичка партија, „каде што ќе преминат сите кои што се незадоволни со досегашните политики на ДУИ… Тие велат дека новиот политички субјект ќе се вика „Унитети“, а „Унитети“, испадна нешто сосема друго, име на обединувањето на НВО-ата на иницијатива на друштвото „Илирикум Либертас“ – Тетово. И автомобилот „зариба“ веднаш по тргнувањето…!“
Текстот не само што содржи клевети и навреди за колегите, туку и суштината за која критикува и навредува е погрешна. Всушност, се потврди дека „писарите“ на порталите имале право кога известуваа за формирањето на Унитети, како отцепување од ДУИ.
Заклучоците на авторот дека веста била „инсинуација, измислица или клевета кои потекнуваат целосно од „писарите“ на едно ново движење“ не држат вода. Новинарот има морална и професионална обврска јавноста да ја информира со факти и максимумот на вистината што може да ја извлече од една вест, а не да води политичка агенда, искористувајќи го новинарството.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
креативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови