Веста се разликува од соопштенијата или соопштенијата не се вест!
Објавено во Рецензии
on 28 - 12 - 2015 Автор: Adrian Kerimi[Рецензија: „Ватра во партнерство со Општина Сарај”]
Соопштението или поинаку, писмениот став на кој било субјект, го претставува само ставот на едната страна во веста. Обично, соопштенијата се многу субјективни, полни со коментари и so промотивни зборови. Нивното целосно препишување и пренесување до јавноста, претставува прекршување на Етичкиот кодекс на новинарите.
Линк до оригиналниот напис: „Ватра во партнерство со Општина Сарај”
Датум и време на публикација: 16.12.2015
Датум на рецензија: 17.12.2015
Рецензент: Адриан Керими
Реакциите и подбуцнувањата помеѓу двете страни, треба да се третираат и пренесат на балансиран начин. Новинарот и медиумот не смеат да навиваат за една страна. За да игра конструктивна улога како новинар, авторот е обврзан да побара став и од другата страна.
„Ги информираме сите што не се добро информирани, за поставувањето на споменикот на Иса Болетини, во Сарај дека покровител на овој проект е Друштвото за Култура и Традиција ( „Ватра е Дервенит ”) а не Општина Сарај или политичкиот субјект ДУИ… Овој проект е подржан од страна на многу граѓани, претприемачи, мали и големи препријатија, граѓани кои сакаат да ни помогнат во собирањето на потребните средства и по овој повод ве повикуваме и вас претставници на Движењето „Беса“ да придонесете во оваа насока. „Беса“ кај Албанците постоела одамна, но со чест и морал, а не некој да ти ја наметне („Бесата“) со пари.“
За да се информира читателот на хронолошки начин за текот на судирот, новинарот е обврзан да му пренесе на читателот една комплетна информација во која ќе се објаснеше дека Општина Сарај се обвинува дека ги тера вработените да собираат од нивните парични средства за да се плати споменикот на Иса Болетини во скопски Сарај. Сите овие обвинувања се насочени кон координаторот на движењето „Беса“ за Општина Сарај, кој авторот не го сметал за важна страна во текстот. За да биде текстот професионален, новинарот ќе се фокусираше на реакциите на Општина Сарај и на движењето „Беса“, додека како страна во текстот ќе го цитираше и друштвото „Ватра е дервенит“, кое тврди дека е носител на овој проект.
„Ние како друштво и понатаму ќе правиме проекти со национални вредности, а овие без идентитет нека се занимаваат со клевети и пред да реагираат нека се информираат подобро.“
Текстот не се придржувал на новинарските норми и како таков е без структура, без редослед и многу нејасен. Деконцентрацијата кај читателот почнува од насловот -„Ватра во партнерство со Општина Сарај“. За какво партнерство зборува соопштението и зошто стои Општина Сарај во насловот (на соопштението) кога текстот на колегата кажува дека станува збор за проект на едно друштво, а не и на една општина?
(Од Сервисот за проверка на факти од медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не ја прикажува
извртување на вистина (спин)
Можеби
наклонетост
друга пристрасност,
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
Целосна копија на соопштението
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
соодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови