Веста не треба да се протолкува погрешно!
Објавено во Рецензии
on 29 - 03 - 2016 Автор: Adrian KerimiНапис: Во Радишани е поставен крст
По последните судири околу изградбата на огромен крст во општина Бутел, се чини, сè уште е откажана реализацијата на оваа идеја. Овојпат „битката“ продолжува во Радишани.
Овде е поставен крст на средина на патот, но никој порано не го забележал. Жителите велат дека има неколку дена откако е поставен крстот, но не знаат од кого.
Додека едни мислат дека крстот не нуди никаква придобивка и дека треба да изградат фабрики, други мислат дека крстови треба да се постават дури и на појавни места и да бидат уште поголеми, како тој што требаше да се изгради во Бутел.
Според „ТВ Нова“, дрвениот крст во Радишани, наскоро ќе се претвори во метален и ќе биде со поголеми пропорции.
[Рецензија: Во Радишани е поставен крст]
Толкувањето се разликува од веста. Новинарите, пред да се одлучат да известуваат за едно прашање, треба да се сигурни дека ги обезбедиле сите потребни елементи за една професионална вест. Повикувањето на нерелевантни извори и нивна комбинација со елементи на коментар, на написот му ги засенуваат елементите на веста. За „битката“ за крстот, новинарот е обврзан да направи професионална битка, што подразбира растојание, но и вклучување на страните засегнати во текстот.
„По последните судири околу изградбата на огромен крст во општина Бутел, се чини, сè уште е откажана реализацијата на оваа идеја. Овојпат „битката“ продолжува во Радишани. Овде е поставен крст на средина на патот, но никој порано не го забележал. Жителите велат дека има неколку дена откако е поставен крстот, но не знаат од кого.“
Линк до оригиналниот напис: „Во Радишани е поставен крст”
Датум и време на објавување: 21.03.2016
Датум на рецензирање: 23.03.2016
Рецензент: Адриан Керими
Споредбите и ставовите што се прават во текстот и што, всушност, треба да ги прават читателите, се пристап што може да поттикне меѓуверска омраза. Во случаи кога се допираат чувствата на јавноста и особено кога станува збор за верски прашања, авторот треба да се дистанцира од влијанијата и од емоциите и да известува одговорно, грижејќи се за откривање и за отстранување на причините за конфликти. Новинарот, секако, има одговорност за јавно кажаниот збор.
Член 10 од Прирачникот за етика во новинарството, параграф2: :„Етичкиот и професионален кодекс на новинарите им наметнува одговорност за јавно кажаниот збор. Нивните ставови се важен фактор во формирање на јавното мислење, бидејќи јазикот на омраза е недостоен за новинарската етика.“
„Додека едни мислат дека крстот не нуди никаква придобивка и дека треба да изградат фабрики, други мислат дека крстови треба да се постават дури и на појавни места и да бидат уште поголеми, како тој што требаше да се изгради во Бутел. Според „ТВ Нова“, дрвениот крст во Радишани наскоро ќе се претвори во метален и ќе биде со поголеми пропорции.“
Мултимедијалниот аспект е една од клучните точки на веста. Авторот е обврзан секогаш да обезбеди фотографија (во овој случај), која целосно се совпаѓа со текстот. Толку далеку ли е Радишани што авторот не можел да излезе на терен и да направи една фотографија што би зборувала повеќе од текстот? На читателот треба да му биде јасно дека професионалното новинарство функционира со инспекција на терен, која треба да биде извршена од новинарите. Фотографијата прикачена на текстот што го рецензираме е земена од друго место и не е наведено авторството. Освен ова, друг факт што сведочи за непрофесионалното работење и за несериозниот пристап е и немањето потпис од авторот под оваа содржина.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
Непотврдени
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
Извори на други медиуми
неофицијални
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Има сомненија
извртување на вистина (спин)
Не се исклучува можноста
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
Поттикнувачки говор
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
Манипулативни
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови

