Веста не смее да исмева и да навредува
Објавено во Рецензии
on 17 - 10 - 2016 Автор: Димитар Тануров[Рецензија: Знаете ли зошто Оливер Андонов се нафати да биде кловн на ВМРО ДПМНЕ?]
Написот, според својата содржина и начин на обработка, повеќе наликува на маалско озборување, отколку на сериозен новинарски текст што ги следи професионалните стандарди. Објавата има единствена цел: да се потсмева и да го оцрни заменик-министерот за внатрешни работи Оливер Андонов.
Линк до оригиналниот напис: Знаете ли зошто Оливер Андонов се нафати да биде кловн на ВМРО ДПМНЕ?
Датум и време на објавување: 12.10. 2016
Датум на рецензирање: 16. 10. 2016
Рецензент: Димитар Тануров
НЕДОЛИЧЕН ГОВОР
Уште во самиот наслов кој има навредлива интонација е видлива намерата да се дискредитира личноста што се споменува:
„Знаете ли зошто Оливер Андонов се нафати да биде кловн на ВМРО ДПМНЕ?“
Истиот недоличен говор се користи и во кусиот материјал што им е понуден на читателите, а кој се состои само од една предолга и несредена реченица:
„Еве тазе трач мојот сограѓанин Оливер Андонов еден ден Министер во МВР сега заменик Министер во истото министерство, тешка ретарда како што реков од Крива Паланка е и таму се пофалил на домашните дека морал да изиграва кловн и будала за партијата и сите да му се смејат иако не бил до толку морон, ама партијата му ветила дека после изборите ако победи ДПМНЕ тој ќе бил АМБАСАДОР во Белград, Србија“.
Ваквата комуникација со јавноста е непримерна. Во еден квалитетен новинарски производ нема место за навредливи зборови од типот „ретарда“, „будала“, „морон“ и „кловн“. Добрата новинарска практика налага дека:
Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…). (член 10)
ТРАЧ
Написот, според категоријата во која е објавен, би требало да претставува вест, но не и според формата и содржината. Дури и да станува збор за „флеш-вест“, односно кратка информација, или за итна (брејкинг) вест, таа потоа треба да се доработи за да се добие целосна слика. Исто така, за секоја информација, вклучително и за неофицијалната, се наведува изворот или, пак, се лоцира доколку тој сака да остане анонимен.
Материјалот пред нас посочува дека станува збор за „трач“, ама тоа не значи дека истиот не треба да се провери. Професионалниот новинарски пристап подразбира информацијата која се објавува во јавноста да биде колку што е можно подетално проверена, а на лицата на кои таа се однесува да им се даде шанса да го кажат својот став. Во конкретниот случај требало да се побара изјава од Андонов, како и мислење од владејачката партија. А, доколу тие не сакале да дадат одговор, требало да се наведе дека одбиле да коментираат.
Првиот член од новинарскиот Кодекс прецизира дека:
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации …
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
Но, манирот во кој е напишана и пласирана оваа објава, пак, јасно укажува дека нејзината идеја не е да понуди коректна инфромација туку да го исмее и да го омаловажи заменик-министерот за внатрешни работи.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови