verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Веста не е професионална без ставот на критикуваната страна

on 18 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-75-sinani_-shqiptare-degjojeni-himnin-e-_-http___www-fakte-net_sinani-shqipt

 

Напис: Синани – Албанци, слушнете ја химната на Заев, пред да се наредите до него

Главниот уредник на ТВ „Шења“, Исмаил Синани, реагира за химната со која претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги повика сите, дури и Aлбанците, да се наредат зад него во протестниот марш на 11 Октомври, пишува „Факте“. Синани на својот профил напишал:

„Албанци, слушајте го внимателно националистичкиот марш со кој ве повикува Заев!
Во борба, македонски народе!

За сите вие ентузијасти Aлбанци што сакате да учествувате во маршот на Заев на 11 Октомври, бидејќи сметам дека не сте ги разбрале стиховите на маршот со кој оваа партија ве повикува, еве го текстот во продолжение. Доколку се наоѓате себеси во овие стихови, одете! Но, не заборавајте дека партизаните комунисти оваа песна ја пееле по многуте убиства и масакри што се направени во Карадак и во други албански населени места. Колку за почеток доволно е ова потсетување….

Со векови, окованa во пранги
под ропство пишти Македонија,
повеќе не трпиме бесчесни лаги
во бој последен борци влегоа!

РЕФ:
Во борба, во борба, во борба,
македонски народе!
За света народна слобода
со песни и радост се мре!

Излеговме ние смели партизани,
над нас на Гоце знамето се вее
во гори, полја и на сите страни
фашистка крв насекаде се лее.

Синови сме на нашата татковина,
на илинденските наследници
строиме живот, слобода, иднина,
за жени, деца, старци, младинци“, напишал Исмаил Синани.

Инаку, неговиот поранешен колега, Мухамед Зекири, сега веќе член на централниот одбор на СДСМ, повикот на Заев го превел и на албански./Факте/

 

[Рецензија: Синани – Албанци, слушнете ја химната на Заев, пред да се наредите до него]

Aко сликата вреди повеќе од 1.000 зборови, тогаш во една професионална вест, фотографијата на која се основа е самата вест. Меѓутоа, порталите честопати знаат да излезат од професионалната етика и да манипулираат со визуелниот или мултимедијалниот ефект во веста. Ова се случило и со написот или објавата што ја рецензираме.

Од содржинска гледна точка, текстот е речиси во ред, иако, на пример, не е побаран став од другата страна. Меѓутоа, од мултимедијална гледна точка има доза манипулација и погрешно толкување.

„Главниот уредник на ТВ „Шења“, Исмаил Синани, реагира за химната со која претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги повика сите, дури и Албанците, да се наредат зад него во протестниот марш на 11 Октомври, пишува „Факте“. Синани на својот профил напишал…“

Во веста се зборува за реакцијата на главниот уредник на телевизијата „Шења“, кој, меѓу другото, реагира на повикот на лидерот на опозицијата за одржаниот марш на 11 Октомври. Меѓутоа, фотографиите поставени во веста се одбрани за да се реализираат други тенденциозни намери.

 

sinani-shqiptare-degjojeni-himnin-e-zaevit-screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Синани: Албанци, слушнете ја химната на Заев, пред да се наредите до него

Датум и време на објавување: 09.10.2016

Датум на рецензирање: 10.10.2016

Рецензент: Адриан Керими

Веста би било логично да се илустрира со фотографија на главниот уредник на телевизија „Шења“ кој ја изразува критиката, како и на лидерот на СДСМ, кон кој критиката е насочена. Но, не и фотографија од поранешниот новинар и сега веќе член на спомнатата партија, Мухамед Зекири. Тенденцијата на авторот е многу директна, бидејќи има милион фотографии од лидерот на СДСМ што кружат по интернет, сигурно и во архивата на овој медиум, а авторот или администраторот ја поставил токму оваа. Ова, всушност, ја појаснува попрецизно „насоката“ на критиката или текстот.

„Албанци, слушајто го внимателно националистичкиот марш со кој ве повикува Заев! Во борба, македонски народе! За сите вие ентузијасти Албанци што сакате да учествувате во маршот на Заев на 11 Октомври, бидејќи сметам дека не сте ги разбрале стиховите на маршот со кој оваа партија ве повикува, еве го текстот во продолжение. Доколку се наоѓате себеси во овие стихови, одете! Но, не заборавајте дека партизаните комунисти оваа песна ја пееле по многуте убиства и масакри што се направени во Карадак и во други албански населени места. Колку за почеток доволно е ова потсетување….“

„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот, вели Етичкиот кодекс на новинарите.

„Инаку, неговиот поранешен колега, Мухамед Зекири, сега веќе член на централниот одбор на СДСМ, повикот на Заев го превел и на албански.“

Другата страна а важна во една вест, бидејќи со неа се запечатува сеопфатното и балансирано информирање. Кога во содржина се вклучува и друг субјект, кој не е во фокус на содржината на веста, недостигот на одговор од спомнатиот, го прави текстот уште поедностран и тенденциозен.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

Политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови