verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Веста има потреба од што е можно повеќе факти

on 27 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: „Гласовите ги земаат во Шипковица, но пари не даваат“]

 

Камуфлажата на еден текст, кој е коментар, како вест, е голема професионална грешка на новинарот. Во нашите медиуми ова се случува често. Новинарите со право се обидуваат да бидат критични кон работата на политичките лидери, барајќи одговорност за нивните обврски. Но, овие нивни напори може да се сметаат за празни доколку не се потпираат на извори и на факти.

Tetovasot - Votat i marrin ne Shipkovie, ama pare s'japinЛинк до оригиналниот напис:  „Гласовите ги земаат во Шипковица, но пари не даваат“

Датум и време на објавување: 17.08.2015

Датум на рецензија: 20.08.2015

Рецензент: Фатљуме Дервиши

Целта на новинарот, во веста што ја рецензираме, била да ги критикува лидерите на најголемите албански партии, Али Ахмети и Мендух Тачи, за нивното неангажирање „со морална поддршка, а да не говориме за финансиска“, за жителите што се засегнати од поплавите во Шипковица. Загриженоста на новинарот за овој случај е повеќе од разбирлива. Тоа што ја прави веста оскудна е недостигот од извори кои би го потврдиле тоа што го бара новинарот.

Новинарот во написот вели: „Ако овие гласови ги направија пратеници Ахмети и Тачи, каде што платата на еден пратеник е повеќе од илјада евра, тогаш зошто Ахмети и Тачи не дадоа по една плата како солидарна помош од нивниот џеп за Шипковица?“

И навистина, тоа е едно прашање кое можеше да им биде поставено на политичките лидери. Но, за да се избегне моментот текстот да се смета за лично мислење, новинарот требало да земе или да се обиде да земе одговори од тие што ги спомнува.

Во Новинарскиот кодекс на Македонија, за овие случаи се вели:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Новинарите имаат право на свое мислење, став и вредносен суд, но не смеат сопственото мислење да го камуфлираат како факти.

Мора да биде јасно разграничено што се факти и информации, а што коментар, претпоставка или став на авторот за да се одбегне дезинформирање и манипулирање со публиката.

Секој текст може да покрене одредени дилеми. И прашања како ова, за тоа колкави добротвори се нашите политичари. Но, ако таквите текстови не се доведат до крај, без да се добие одговор, остануваат тенденциозни и не успеваат да ја информираат јавноста. Би било од интерес да дознаеме дали нашите лидери дале лични придонеси или не, но тоа од овој текст не успеваме да го дознаеме.

Начинот на кој е напишан текстот, би одговарал за рубриката „Коментар“. Во таков случај, јавноста не би очекувала да биде информирана, туку однапред би знаела дека се работи за личен став на авторот што го напишал текстот.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

нема

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

ниту еден извор

ниту една страна

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

побудува љубопитност

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови