Веста без одговор на сите прашања носи нејаснотии
Објавено во Рецензии
on 29 - 07 - 2015 Автор: Adrian Kerimi[Рецензија: СДСМ: Зврлевски во директна линија со Груевски]
Основното начело за подготвување на една вест е таа да се базира врз принципот на шестте прашања и на структурата позната како „превртена пирамида“. Веста што ја рецензираме е нецелосна поради неисполнување на овие елементи.
Линк до оригиналниот напис: СДСМ: Зврлевски во директна линија со Груевски
Датум и време на објавување: 23.07.2015
Датум на рецензија: 24.07.2015
Рецензент: Aдриан Керими
Секоја вест, колку и да е едноставна или, пак, комплексна, треба да исполни некои основни елементи за да може да се објави. Уште повеќе, ова е потребно за прашања што се сметаат за „чувствителни“ и важни за јавноста, за кои се потребни повеќе информации и проверки. Новинарството бара јавноста да се информира кратко и јасно, но не неисполнувајќи ги и неприменувајќи ги соодветните елементи. Во случаите каков што е веста што ја рецензираме, веднаш се забележува дека таа е нецелосна.
Веста нема структура и воопшто не е јасна. Се повикува на прес-конференција на СДСМ, но малкуте редови текст не објаснуваат зошто доаѓа оваа реакција.
На јавноста ѝ останува да нагаѓа дека се работи за прашање што било во центарот на вниманието: истрагата за објавувањето на „бомбите“. Текстот не дава повеќе информации, особено околу проблемот кој е поводот за размени на обвиненија.
„Во овој случај, опозициската СДСМ реагира на соопштението на Обвинителството дека го повикало на разговор поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, началникот на ова управа, Горан Груевски, и други вработени во МВР. Опозциската СДСМ го обвини Зврлевски дека овој потег не е исправен, бидејќи овие случаи треба да ги истражи специјален обвинител, според политичкиот договор.“
Но, читајќи ја веста што ја рецензираме, не можат да се добијат соодветни информации, бидејќи веста ги нема сите елементи.
Професионална норма е една вест да ги има сите страни, но и дополнителните информации бидејќи, во спротивно, таа не е јасна и потфрла во својата мисија да ја информира јавноста.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не ја прикажува
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови