verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест темелена на шпекулации и со непрецизни извори

on 13 - 02 - 2017       

press 1 24

[Рецензија: Албански медиуми: Раскол во ДУИ по средбата со СДСМ]

 

Написот пренесува шпекулативни информации, наводно, од други медиум кои не се јасно наведени, а информациите воопшто не се потврдени. Вака поставените (дез)информации наликуваат на спинувана приказна која треба да фрли поинакво светло на ситуацијата во ДУИ.

Албански медиуми Раскол во ДУИ по средбата со СДСМ Press24Линк до оригиналниот напис: Албански медиуми: Раскол во ДУИ по средбата со СДСМ

Датум и време на објавување: 07.02. 2017

Датум на рецензирање: 10.02.2017

Рецензент: Димитар Тануров

 

НЕПРОВЕРЕНА ИНФОРМАЦИЈА

Текстот се повикува на некои албански медиуми, но не се открива кои се тие медиуми кои, наводно, ја соопштуваат информацијата.

„Според неофицијални иформации кои ги пренесуваат албанските медиуми во ДУИ и натаму е тензично откако партијата вчера преку своите потпретседатели оствари средба со своите колеги од СДСМ каде беа извршени првите директни разговори за формирање на нова влада“.

Уште во првата реченица се наведува дека станува збор за неофицијални информации на одредени медиуми, но никаде не се наведува поконкретно кои се изворите на наводните албански медиуми, ниту, пак, овој напис кој ја пренесува  ваквата информацијата се обидува да ја провери.

Ако во првиот дел на веста, информацијата е општа и без конкретно посочување, во вториот дел се наведува дека Муса Џафери, наводно, е предводник на партиско крило кое, како што се тврди, не само што е против коалицирање со СДСМ, туку било подготвено и да се отцепи од ДУИ. Ваквите информации, исто така, не се потврдени.

Ваквиот пристап е спротивен на стандардите утврдени во Кодексот на новинарите,  каде е прецизирано дека треба да се објавуваат точни и проверени информации, а  изворите кои се користат да бидат идентификувани или, барам, соодветно лоцирани, ако бараат да останат анонимни. При преземањето информација од друг медиум, пак, тој треба да биде наведен и линкуван до оригиналната информација. Истовремено, новинарот треба да прави разлика меѓу коментар и вест и да обезбеди професионална дистанца при информирање за политички процеси.

Но, наспроти принципите на добрата новинарска практика, целиот текст е шпекулативен, коментаторски, без прецизни извори и без ниту еден  проверен и потврден факт. Освен дека имало средба меѓу претставници на ДУИ и на СДСМ, сè друго во написот изгледа како фикција која треба да прикаже некаква хаотична состојба во оваа партија од албанскиот политички блок.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови