Вест „стопена“ во коментари со тенденциозен пристап
Објавено во Рецензии
on 9 - 01 - 2017 Автор: Adrian Kerimi
Напис: Дали се „топи“ движењето Беса во Дебар
Новиот политички субјект, движењето Беса, кој изненади со својот резултат на изборите во Македонија, немаше ист резултат и во Дебар, каде што се нареди како четврта сила пред која се СДСМ, ДУИ, Алијансата за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ.
Во разгранокот на движењето Беса во Дебар се појавило незадоволство меѓу членовите на раководството и на нејзините основачи кон актуелниот претседател на разгранокот, кого го обвинуваат дека дејствува диригиран од некој друг, „претседателот во сенка“, за кого велат дека игра двојна улога, а диригираниот претседател, кога станува збор за лични прашања, позицијата на претседател ја меша со диктаторските системи, „не прашувајќи за ничие мислење“.
За подетални информации и текот на настаните ќе бидете информирани во наредните денови.
[Рецензија: Дали се „топи“ движењето Беса во Дебар]
Да се направи вест со коментари, значи да се известува за личното мислење, без докази, извори или факти. Рецензираната вест е тенденциозна, еднострана и неаргументирана. Во ниту една реченица од текстот не се докажува тоа што се тврди во текстот.
Новинарите, пред да ја информираат јавноста, првин треба да се информираат себеси. Во случаи кога во текстот има повеќе страни, тогаш, како што сме истакнале многупати досега, новинарот мора да ги опфати сите страни.
„Новиот политички субјект, движењето Беса, кој изненади со својот резултат на изборите во Македонија, немаше ист резултат и во Дебар, каде што се нареди како четврта сила пред која се СДСМ, ДУИ, Алијансата за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ“.
Текстот не почнува од веста, туку од дополнителните информации. Првиот пасус на овој текст, според правилата на пишување во новинарството, е последниот дел кој може да му се додаде на еден напис.
Линк до оригиналниот напис: „ Дали се „топи“ движењето БЕСА во Дебар”
Датум и време на објавување: 28.12.2016
Датум на рецензирање: 29.12.2016
Рецензент: Адриан Керими
Во текстот е зборувано и е озборуван еден политички субјект, но во ниту еден дел нема официјален став од тој субјект. Ако во еден напис има обвинувања за една личност која е на одредена позиција во споменатата партија, тогаш потребно е да се напише и името, затоа што читателот треба да се информира до крај за тоа што се случува. Новинарот не смее да информира поаѓајќи од хипотетички околности и на несеопфатен начин.
„Во разгранокот на движењето Беса во Дебар се појавило незадоволство меѓу членовите на раководството и на нејзините основачи кон актуелниот претседател на разгранокот, кого го обвинуваат дека дејствува диригиран од некој друг, „претседателот во сенка“, за кого велат дека игра двојна улога, а диригираниот претседател, кога станува збор за лични прашања, позицијата на претседател ја меша со диктаторските системи ’не прашувајќи за ничие мислење’“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
можеби
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност, комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови