Вест се доказите!
Објавено во Рецензии
on 22 - 03 - 2016 Автор: Adrian KerimiНапис: Која беше последната порака што Мирсад Ндрецај му ја испратил на Али Ахмети
Пред некое време семејството Ндрецај објави една телефонска порака што Мирсад Ндрецај, командант Нато, му ја испратил на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. На денот кога се навршија три месеци од кумановскиот конфликт, весникот „Лајм“ го посетил семејството на еден од водачите на вооружената група во судирите од 9 и од 10 мај во Диво Насеље во Куманово.
Братот на Мирсад, Илбер, ја покажал последната порака што тој му ја пуштил на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, неколку месеци пред кумановскиот конфликт. Во оваа порака се гледа јасно револтот на Мирсад кон Али Ахмети, кого, меѓу друго, го нарекува и „падобранец и убиец“.
„Али Ахмети, албанскиот народ згрешил двапати: првиот пат кога во Косово дојде на власт Агим Чеку, и вториот пат, кога Али Ахмети дојде на власт во Македонија. Трнот кога ќе го извадите од ногата, не може да се врати пак таму. Народот не ги сака веќе убијците и падобранците. Набргу и народот ќе го види твоето вистинско лице, она што го знаеме ние. На твоите сценирања за да останеш на власт, прогонувајќи ги Албанците, им е дојден крајот. Мирсад Ндрецај – Командант Нато“, напишал Мирсад во последната порака испратена до лидерот на ДУИ. (ИНА)
[Рецензија: Која беше последната порака што Мирсад Ндрецај му ја испратил на Али Ахмети]
Веста треба да биде базирана врз релевантни докази и факти. Една фотографија не докажува ништо, уште повеќе, кога автентичноста на истата не може да се одреди врз основа на тоа што се гледа како фотографија прикачена на веста. За ваков извор на информација, фотографија од телефонска порака, новинарот треба да обезбеди дополнителни докази, кои откриваат повеќе за односите меѓу споменатите, а не да го коментира вршејќи процени, нешто што, всушност, треба да прави читателот.
Во содржината се мешаат баби и жаби. Се зборува за една порака, почнува со еден телефонски разговор и спомнува една посета на весникот „Лајм“ на семејството на покојниот. Ова го збунува читателот, затоа што не се знае каде е ставен акцентот на веста.
„Пред некое време семејството Ндрецај објави една телефонска порака што Мирсад Ндрецај – командант Нато му ја испратил на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. На денот кога се навршија три месеци од кумановскиот конфликт, весникот „Лајм“ го посетил семејството на еден од водачите на вооружената група во судирите од 9 и од 10 мај во Диво Насеље во Куманово.“
Линк до оригиналниот напис: „Која беше последната порака што Мирсад Ндрецај му ја испратил на Али Ахмети“
Датум и време на објавување: 16.03.2016
Датум на објавување: 16.03.2016
Рецензент: Адриан Керими
Во еден од параграфите (во продолжение на веста), се нагласува едно друго име, кој според содржината е лицето што ја обезбедило фото-пораката. Ова, според стандардите на професионалното новинарство, е и насоката кон која треба да се третира проблемот. Лицето по име Илбер е клучно за да се докаже автентичноста на пораката, а неговото изложување (авторот не кажува дали се обидел да земе изјава од него или не), би открило и би го обелоденило ова прашање.
„Братот на Мирсад, Илбер, ја покажал последната порака што тој му ја пуштил на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, неколку месеци пред кумановскиот конфликт. Во оваа порака се гледа јасно револтот на Мирсад кон Али Ахмети, кого, меѓу друго, го нарекува и „падобранец и убиец“.
Во текстот недостига другата страна, а според тоа што се чита во содржината, нема никаква индикација дека имало обид да се контактира со таа страна. Да се потсетиме на Етичкиот кодекс, член 1, параграф 5, кој гласи: „Новинарот треба да ја обезбеди „втората страна“ односно да им даде можност на двете погодени страни од новинарскиот производ да го изразат својот став. Ова уште повеќе доаѓа до израз кога новинарот фрла сомнежи или обвиненија или кога некој е предмет на напад или критика“.
Треба да се има предвид дека еден текст и една фотографија не се доволни за да се докаже кое било прашање за кое се известува. Дури и треба да се биде внимателен во вакви случаи, бидејќи освен фотографиите и аудиоснимката не може да се смета како доказ, туку само како основа за да се продолжи истрагата.
Меѓутоа, самата вест, колку што допира до емоциите на луѓето, толку е и тенденциозна. Во неа, освен што недостигаат елементите што ги спомнавме, не е потпишан и не се ни знае авторот. Вакво однесување веќе станува „обично“ за еден дел од медиумите на интернет (порталите), особено кога известуваат за деликатни и шпекулативни случаи. Тоа не треба да биде така.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не
Не се исклучува можноста
Не се исклучува можноста
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови