Вест, коментар, став на редакцијата или лично мислење?
Објавено во Рецензии
on 22 - 09 - 2016 Автор: Adrian Kerimi
Напис: Комуникацијата на ДУИ со медиумите е „мртва“?! Како начин на информирање го избрале „Фејсбук“!
Скопје, 16 септември–Пред неколку дена во дневниот македонски весник „Дневник“ беше објавена веста дека Заев повторно ја афирмира понудата за вонсобраниските албански партии за коалиција за уривање на власта на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Ова го нагласил и самиот Заев во едно интeрвју за „Нова ТВ“.
Медиумите дури напишале и дека ДУИ отфрлила секаков вид предизборна соработка со СДСМ. Потоа се вели дека од партијата на Ахмети му порачуваат на Заев дека коалиција со македонска партија е можна само доколку се подржуваат позициите на ДУИ за отворените прашања од Охридскиот договор. Но, анализирајќи го последниот пасус „од партијата на Ахмети на Заев му порачуваат дека коалиција со македонска партија е можна само доколку се подржуваат позициите на ДУИ за отворените прашања од Охридскиот договор“, ни остава простор да разбереме дека од ДУИ се подготвени да коалицираат со СДСМ под услов да ги поддржат барањата и предметите кои се отворени од Охридскиот договор.
Во врска со оваа информација, агенцијата за вести „Журнал“ денеска се обиде да стапи во контакт со неколку функционери од оваа партија, од портпаролот сè до секретарот и потпретседателот, но, за жал, поради нејасни причини, не успеавме да стапиме во контакт.
Инаку, центарот за информации од албанската партија на власт ДУИ е речиси неактивен со медиумите. Не само центарот за медиуми, туку и најголемиот дел од функционерите од оваа партија во последно време се недостапни за да ги изразат официјалните ставови во врска со темите што се третираат во јавноста, за кои овие функционери имаат и законска обврска да се изјаснат.
Ние мислиме дека функционерите не само од оваа партија, туку на сите политички партии во земјава, за да ги информираат граѓаните, центарот за информации треба да им функционира речиси 24 часа на ден.
Во последно време, како за честитки, сочувства и за сите други информации, од страна на ДУИ по сè изгледа ја одбрале социјалната мрежа „Фејсбук“ и ние медиумите треба постојано да го разгледуваме секој профил од секој функционер од политичките партии.
За разлика од ДУИ, другите сериозни партии како ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, се совршен пример за тоа како ја информираат јавноста во секое време, соработуваат со медиумите и вестите ги објавуваат од еден центар.
[Рецензија: Комуникацијата на ДУИ со медиумите е „мртва“?! Како начин на информирање го избрале „Фејсбук“!]
Кога се игнорирани во нивната работа, реакциите на новинарите треба да бидат адресирани и да се третираат на целосен и сеопфатен начин. Политичките субјекти, политичарите или јавните функционери, како и институциите, немаат право да ги игнорираат новинарите. Како и да е, тие имаат право да одберат да не коментираат за некое прашање и да не изнесат свој став, во зависност од нивните интереси, нивниот став и нивната проценка. Новинарот има обврска да ги праша, и на крајот на денот, за начинот како ќе одговорат, своја оценка дава јавноста.
Текстот што го рецензираме не е категоризиран. Не се знае првин дали е вест, реакција од редакцијата, коментар или личен став на новинарот. Неговата реакција е со право, бидејќи како што спомнавме, новинарот не смее да биде игнориран. Меѓутоа, текстот напишан по неуспехот за земање изјави од функционери на ДУИ, е надвор од професионалните начела.
„Во врска со оваа информација, агенцијата за вести „Журнал“ денеска се обиде да стапи во контакт со неколку функционери од оваа партија, од портпаролот сè до секретарот и потпретседателот, но, за жал, поради нејасни причини не успеавме да стапиме во контакт. Инаку, центарот за информации од албанската партија на власт ДУИ е речиси неактивен со медиумите. Не само центарот за медиуми, туку и најголемиот дел од функционерите од оваа партија во последно време се недостапни за да ги изразат официјалните ставови во врска со темите што се третираат во јавноста, за кои овие функционери имаат и законска обврска да се изјаснат“.
Текстот не се потпира на ниеден извор. Ова можеби и не е толку важно за авторот, меѓутоа, изјавите (цитатите) и другите извори се неизбежни за една содржина што има цел да ги информира читателите. Доколку ДУИ е молчелива и не комуницира со медиумите, тогаш ова е основа за анализа. Ставовите на политичките аналитичари би биле соодветните извори за да се исполни содржината.
Линк до оригиналниот напис: „Комуникацијата на ДУИ со медиумите е „мртва“?! Како начин на информирање го избрале „Фејсбук“!”
Датум и време на објавување: 16.09.2016
Датум на рецензирање: 16.09.2016
Рецензент: Адриан Керими
Бидејќи веста, според современите новинарски стандарди, треба да биде заснована на најмалку три извори, во конкретниот случај потребен е и ставот на експертите од областа на медиумите или експертите по јавна комуникација. Нивните ставови би биле една посилна основа на тезата на авторот дека ДУИ е „мртва“ во комуникацијата со новинарите.
За да се оди до крај со јавниот интерес, би било во ред и доколку се земало став од граѓаните. Нивните ставови би покажале колку се тие заинтересирани и дали се информирани за ставовите на партијата на власт во врска со прашањето за кое се зборува во написот или, пак, и за други прашања.
„Ние мислиме дека функционерите не само од оваа партија, туку на сите политички партии во земјава, за да ги информираат граѓаните, центарот за информации треба да им функционира речиси 24 часа на ден. Во последно време како за честитки, сочувства и за сите други информации, од страна на ДУИ, по сè изгледа, ја одбрале социјалната мрежа „Фејсбук“ и ние медиумите треба постојано да го разгледуваме секој профил на секој функционер од политичките партии. За разлика од ДУИ, другите сериозни партии, како ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, се совршен пример за тоа како ја информираат јавноста во секое време, соработуваат со медиумите и вестите ги објавуваат од еден центар“.
Во текстот само е додадено како коментар, но ова прашање не е истражувано подлабоко. Содржината не прикажува докази за тоа како функционираат двете партии од македонскиот политички блок. Можеби не е потребно долгорочно истражување, но би било во ред доколку се направеше една инспекција на медиумските содржини во последните два-три дена и споредба како комуницирале со медиумите двете македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, како и колку, и дали комуницирала ДУИ во истиот период. Ова би можело да го потврди бројот на соопштенија доставени до редакциите на медиумите или нивното објавување на официјалните веб-страници на политичките партии. Меѓутоа, авторот одлучил преку коментарот и личните ставови со недокажани конкретни факти и неподдржани со докази, да наметне еден став и теза во јавноста.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
непотврдени
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови