Вест колку да се привлечат читатели, без професионална одговорност
Објавено во Рецензии
on 23 - 03 - 2016 Автор: Adrian KerimiНапис: Дехари и Села заедно?!
Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, и градоначалникот на Струга, Зијадин Села, на една слика се појавиле заедно, но не се знаат детали за оваа средба ниту, пак, дали се работи за можна соработка и за нивно заедничко дејствување, информира ИНА.
Села и Дехари се градоначалниците кои како резултат на соработката и на соединувањето на сите Албанци, вклучувајќи ја тука и дијаспората, победија во овие општини, без разлика на нивната партиска заднина. Но, не се дава до знаење дали ќе има доближување на овие две политички личности на Албанците. Во последно време Дехари ги заладил односите со претседателството на ДУИ поради незадоволството од нејзините политики и коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. (ИНА)
[Рецензија: Дехари и Села заедно?!]
Соодветен пример за начинот на кој функционира новинарството, поради кое ги бие лош глас порталите. Професионалната одговорност во оваа „вест“ воопшто и не постои. За да може да оцените како е пишуван текстот, ќе го анализираме од неколку аспекти на функционирањето на професионалното новинарство.
Како прво, во текстот се шпекулира дека двете спомнати личности се појавиле заедно и други детали не се познати. Но, зошто читателите треба да прочитаат нешто вакво кога е јасно дека во овој случај деталите за средбата се поважни и од самата нивна средба? Без разлика што се спомнуваат две имиња, во текстот не е наведено дали е побарано став од која било од споменатите страни. Написот е „спин“ и непрофесионална шпекулација.
„Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, и градоначалникот на Струга, Зијадин Села, на една слика се појавиле заедно, но не се знаат детали за оваа средба ниту, пак, дали се работи за можна соработка и за нивно заедничко дејствување, информира ИНА“.
Линк до оригиналниот напис: „Дехари и Села заедно?!“
Датум и време на објавување: 11.03.2016
Датум на рецензирање: 13.03.2016
Рецензент: Адриан Керими
Заднината во еден текст е многу важна, но не и ваква. Додека се зборува за две политички личности и за можна соработка меѓу нив, зошто авторот не побарал изјава од споменатите страни? Читателот треба да разбере дека професионалното новинарство подразбира урамнотежено и oбјективно информирање.
„Села и Дехари се градоначалниците кои како резултат на соработката и на соединувањето на сите Албанци, вклучувајќи ја тука и дијаспората, победија во овие општини, без разлика на нивната партиска заднина. Но, не се дава до знаење дали ќе има доближување на овие две политички личности на Албанците. Во последно време Дехари ги заладил односите со претседателството на ДУИ поради незадоволството од нејзините политики и коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ“.
Тоа што, исто така, го вади написот надвор од стандардите на новинарството е злоупотребата и погрешната интерпретација на фотографијата што го придружува написот. Без соодветна дозвола и без да се праша нејзиниот автор („Сервис за проверка на факти…“ праша дали била побарана дозвола за позајмување на сликата), фотографијата е земена од еден профил на социјалните мрежи и е објавена. Ова подразбира и нарушување на правото на приватност, без разлика што сликата е објавена на социјалните мрежи каде што најголемиот дел од податоците се јавни, особено ако со нејзиното објавување не се потврдува јавниот интерес. Авторот на фотографијата, кој му е познат на „Сервис за проверка на факти…“, потврди дека таа е направена при една сосема случајна средба.
Како и да е, написот со право отвора неколку прашања, кои би можело да се причина за средба на двајцата градоначалници на овие две соседни општини. Работа на новинарот е да ги информира читателите за тоа што може да се случи или, пак, да произлезе од една таква средба на градоначалниците. За жал, тој не дава никакви детали од средбата. Можеби затоа што нема, затоа што воопшто не се работи за таков вид на средба. Затоа, кога не постои јавен интерес (како во овој случај каде немало средба со политичка конотација – н.з.), позајмувањето без дозвола на фотографија објавена од некој друг и неистакнување на неговото име како извор, е кршење на новинарската етика и претставува основа за тужба за злоупотреба на личните податоци или кршење на авторските права.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови