„Вест“ што никој не ја разбира
Објавено во Рецензии
on 8 - 06 - 2016 Автор: Adrian Kerimi
Напис: Странските служби на МВР ги украле „бомбите“ на Чауш?
На мистериозен начин исчезнале снимени материјали, хард-дискови и УСБ-стикови во кои се, наводно, зачувани дел од „бомбите“ на СДСМ, кои, пак, во сензационалната акција на МВР извршена на 23 март годинава „случајно се пронајдени“ во куќата на браќата Закир и Имер Беќири во населба Ченто, на кои им се судеше за случајот со „лажните лични карти“.
Првпат за овие материјали што ги нашла полицијата зборуваше поранешниот заменик-министер на полицијата, а сегашен министер, Митко Чавков, на 24 март, еден ден по акцијата. Во куќата на Чауш, според него, се најдени хард-дискови и УСБ-стикови, на кои имало материјали, пренесува „Актуале“.
[Рецензија: Странските служби на МВР ги украле „бомбите“ на Чауш?]
Веста што ја рецензираме нема смисла. Не може да се потврди, но, наводно, истата е преведена, но неприлагодена од јазичен аспект. Во двата параграфи, се зборува за едно многу важно прашање за јавното мислење, но читателот има тешкотии да го разбере текстот и да го најде одговорот на насловот.
Прирачникот за етика во новинарството вели: „Објавувањето на информациите што имаат статус „сигурни“, е можно тогаш кога ќе се констатира дека правото на јавноста да биде информирана е поголемо отколку правото за почитување на проверка на сигурноста на информацијата“.
„На мистериозен начин исчезнале снимени материјали, хард-дискови и УСБ-стикови во кои се, наводно, зачувани дел од „бомбите“ на СДСМ, кои, пак, во сензационалната акција на МВР извршена на 23 март годинава „случајно се пронајдени“ во куќата на браќата Закир и Имер Беќири во населба Ченто, на кои им се судеше за случајот со „лажните лични карти“.
Во насловот се кажува дека „странски служби на МВР“ ги украле таканаречените бомби на Чауш, меѓутоа такво нешто не се докажува во текстот. Наводно, веста е направена врз основа на кажувања.
Прирачникот за етика во новинарството вели: „Насловот или најавата на трудот мора да биде во хармонија со неговата содржина“.
Линк до оригиналниот напис: „Странските служби на МВР ги украле „бомбите“ на Чауш?”
Датум и време на објавување: 02.06.2016
Датум на рецензирање: 03.06.2016
Рецензент: Адриан Керими
За отворените прашања, авторот е обврзан во една вест да ја вклучи и другата страна. Во текстот нема изјаснување од ниедна од страните што се спомнуваат, ниту од Чауш (или во овој случај неговиот адвокат), ниту од министерот за внатрешни Чавков или некој соодветен службеник на МВР. Освен тоа, во текстот не се ни посочува дали е побарано став од страните. Ова е уште еден доказ за фактот дека текстот е преведен или преземен од некој друг извор, но, пред сè, во суштина, тој не е вест, туку спротивно на веста, непотврдена шпекулација.
„Првпат за овие материјали што ги нашла полицијата зборуваше поранешниот заменик-министер на полицијата, а сегашен министер, Митко Чавков, на 24 март, еден ден по акцијата. Во куќата на Чауш, според него, се најдени хард-дискови и УСБ-стикови, во кои имало материјали…“
Независно од прашањето за кое новинарот сака да ги информира читателите, во веста треба да се прикачат релевантни факти, докази и изјаснувања, не заборавајќи секогаш да се повика на потврдени и на сигурни извори. Основно начело на професионалното новинарство е јазикот на кој новинарот комуницира со читателите да биде, пред сè, етички и разбирлив. Главниот проблем на овој напис е што не може да се разбере што информирал новинарот, што се случило и каде исчезнале „бомбите“ на Чауш.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не
Не се исклучува можноста
Не се исклучува можноста
наклонетост
политичка пристрасност, друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
Има во еден мал дел на почетокот
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нечитлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови