verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

УСАИД водич кон социјалните медиуми за граѓанскиот сектор

on 1 - 07 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Social Media Guide for CSOsUSAgency for International Development-pic

Во чест на Денот на социјалните медиуми 2014, УСАИД денеска објави водич за користење на социјалните медиуми.

Публикацијата со наслов Социјални мрежи: Водич за засилување на граѓанското општество преку социјалните медиуми е изработена со цел да ги подучи невладините организации како да ги остварат своите комуникациски цели и успешно да им се обраќаат на своите публики преку социјалните медиуми.

Водичот нуди преглед на добрите практики што се употребуваат кај социјалните медиуми за покренување важни теми и дебати на прашања од интерес за граѓанскиот сектор. Со оглед на фактот што социјалните медиуми брзо се менуваат, публикацијата не се концентрира кон индивидуална социјална платформа, но, наместо тоа на НВО-ата им се нуди решение како да им пристапат на социјалните медиуми во целина без оглед која е платформата и како да ги постигнат своите програмски цели со користењето на овој медиум.

Направен е преглед на големите глобални платформи как Фејсбук, Твитер, ЈуТјуб и Гугл Плус, со совети како овие мрежи да се користат, а зафатени се и оние социјални мрежи кои имаат регионален опфат. Потоа, се нуди и преглед за користење на аналитичките алатки со цел да се измери успехот во користењето на социјалните медиуми, а наведени се и главните индикатори за перформанси, кои е неопходно да се анализираат.

Обратено е внимание и на прашањата за безбедноста и приватноста, водичот има листа на он-лајн алатки и ресурси, како и речник на речиси 90 термини кои се користат во сетот на социјалните медиуми.

Публикацијата од 85 страници во флипбук верзија можете да ја најдете овде, а во ПДФ верзија можете да ја преземете овде.