verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

УСАИД почна проект за зајакнување на граѓанското општество

on 23 - 11 - 2016       

usaid-nov-proekt

 

Скопје, 18 ноември, 2016 – 16:35 (META)

Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) го почна Проектот за граѓанско учество (CEP), кој претставува петгодишна иницијатива за поддршка на македонскиот граѓански сектор и на младинските организации кои ги вклучуваат граѓаните, приватниот сектор и владините институции во одлуките за прашања од јавен интерес.

Проектот ќе ги поддржи граѓанските организации и коалиции на граѓански организации фокусирани на приоритетни прашања од интерес на граѓаните на Македонија; ќе организира едногодишна програма LEAD (Водство, учество, акција, развој) која ќе им овозможи на мотивираните млади луѓе, вештини за да работат во рамките на нивните заедници.

– Преку Проектот за граѓанско учество, младите и граѓанските организации ќе стекнат знаење, мотивација, вредности и ќе развијат вештини кои ќе им овозможат активно да се вклучат во дијалогот со власта и со приватниот сектор, во акции кои ја промовираат добросостојбата во нивните заедници – вели директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалес.

Проектот за граѓанско учество е имплементиран од „Ист-Вест менаџмент институт“ (East West Management Institute- ЕWMI), во партнерство со четири граѓански организации: Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија (ФООМ) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).