Уреднички колегиум/средба со медиуми
Објавено во Активности
on 28 - 05 - 2015 Автор: Vladimir Petreski
Почитувани колеги, почитувани медиуми,
Ве повикувам на нашиот редовен квартален колегум на соработниците на „Сервисот за проверка на факти во медиумите“ и на претставници на медиумите со кои сервисот има редовна соработка, а кој ќе се одржи на:
– 2 јуни 2015 година (вторник)
– со почеток во 15 часот
– во просториите на „Метаморфозис“ (сала на 3 кат)
Како и секогаш, ќе направиме осврт на досегашната работа и ќе разговараме како да продолжиме понатаму со оглед на турбулентниот период во кој се наоѓаме и кој ќе следи и понатаму.
Начинот и модалитетите на нашата работа во идниот период, во смисла како најдобро можеме да ги подигнеме стандардите во професијата во актуелните нестабилни политички услови, ќе бидат главна тема на состанокот, а ќе разговараме и за конкретни теми кои би можеле да ги покриеме во рамките на „Сервисот“.
Ве молам за задолжително присуство.
Срдечен поздрав,
Владимир Петрески
уредник