Умилкувачка објава
Објавено во Рецензии
on 16 - 05 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Работи, но знае и да се забавува: Груевски во ноќен живот со пријателите и соработниците (ФОТО)]
Додворувачки текст, со јасна нота на глорификација на лидерот на владејачката партија. Четиво кое нема речиси никаква информативна вредност, ама затоа книжи поени во партискиот центар за комуникации зашто ја одработува неговата работа. Ова е промотивен материјал кој треба на јавноста да ѝ ја долови „човечката страна“ на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ем многу работи, ем знае и да се забавува. Ептен умилкувачки, што изгледа дури лигаво.
Линк до оригиналниот напис: Работи, но знае и да се забавува: Груевски во ноќен живот со пријателите и соработниците (ФОТО)
Датум и време на објавување: 14.05.2016 14:22
Датум на рецензирање: 15.05.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
„ФАРБАЊЕ“ НА ФАСАДАТА НА ЛИКОТ НА ЕКСПРЕМИЕРОТ
Ајде, можеби и ќе поминеше како некаква си фото-вест дека, ете, фатен е шефот на владејачката партија, како во друштво со сопартијци, блиски соработници и со пријатели, се „журка“ низ Скопје. Претпоставувам дека таквата информација би била интересена за домашните медиуми што се занимаваат со забава или со „жолт печат“.
Но, онака како што е срочен вкупниот производ, фотографиите дополнети со додворувачкиот текст, навистина не може да помине ниту кај таблоидите зашто е класично мешање на вест со политичка реклама. Од написот едноставно зрачи, блика воспевање, иделаизирање и што уште не, на „работливоста“ на Груевски, кој, ете, „и покрај многуте обврски нашол време да се забавува“.
„Некаде околу 23.30 часот по завршвање на работните обврски Груевски им се приклучил на пријателите кои кратко претходно биле во кубанскиот ресторан.“
„По кусиот престој во кубанскиот ресторант присутните беа забележани и на отворанјето на новата летна дискотека XL (поранешно Колосеум) каде што беа присутни многу млади луѓе и градски личности. Она што беше забележително е постојаното инсистирање на гостите или минувачите кои сакаа да се фотографираат со Груевски. Тој со насмевка позитивно одговараше на барањата за фотографирање. Многу млади луѓе приоѓаа да се запознаат и да разговараат со Груевски, кој го привлече вниманието на присутните.“
„Насмевка“, „позитивно“, „привлече внимание“, саде комплименти кои недвосмислено се во мисија на „укалапување“ на Груевски пред јавноста, како достапен политичар, „од народот за народот“. Наликува на своевидно алиби за дел од прислушуваните разговори што во изминатата година беа објавени и го прикажуваат „народниот премиер“ во сосема поинакво светло, како елитист и човек преокупиран со моќ.
Наспроти принципите утврдени во новинарскиот Кодекс, овој материјал ептен „удира“ на агитпропство, на медиумска презентација за партиски цели.
Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти – член 14 од Кодексот на новинари
Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано – член 14 од Кодексот на новинари
Обид, ама многу провиден, за „фарбање“ на фасадата на ликот на експремиерот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
насловот е промотивен
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови