verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тројански коњ

on 6 - 12 - 2016       

dnevnik

[Рецензија: Сорос ги мрази САД и ги саботира нивните интереси секаде во светот]

Интересен документарен филм се појави деновиве во Република Македонија, во фокусот на изборната кампања. Филм со наслов „Светот по Сорос“. Емитуван на очекуван избор на национални и други телевизии.

Кога велиме интересен, не го велиме тоа заради тоа што е добар или иновативен, или оригинален. Напротив, тој „документарец“ е спакувана рециклирана содржина од веќе познати поенти од кампањата против Џорџ Сорос, кој кај нас се идентификува со Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија. Веќе многу пати џвакана и изџвакана гума за тегавење. И сега се најде некој си продуцент кој помислил дека ако на таа потрошена, бајата гума за тегавење, ѝ додаде арома од две-три изјави од декларирани политички и бизнис-конкуренти на Џорџ Сорос, ќе може да ја продаде како нова.

Интересен е зашто се појави сред избори – кои  според многумина имат историска улога, за да одигра улога на тројански коњ и да си ја одработи зададената задача која е ептен провидна: да ги обои во иста боја Сорос и политичката опозиција и огромното мнозинство од граѓански активисти.

 

12062016-dnevnik-sorosЛинк до оригиналниот напис: Сорос ги мрази САД и ги саботира нивните интереси секаде во светот

Датум и време на објавување: 04.12.2016, 22:12

Датум на рецензирање: 06.12.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

СУГЕСТИВЕН ДО КОСКА

Од еден таков „документарец“, едностран, политички пристрасен, а со тоа неодмерен и клеветнички, е екстрахиран овој новинарски текст кој, како и „филмот“, е едностран, политички пристрасен и неодмерен.

Не е возможно да не најдете ниту еден со поинакво мислење. Не е возможно дека никој не би сакал да презентира поинаков став. Читателот нема можност да спореди и, од друга страна, тоа ја прави оваа медиумска содржина несеопафтна.

Насловот е прилично категоричен, сугестивен „до коска“. И, повторно, така поставен, тој остава простор за слободна проценка на читателот. Така определен тој има една единствена цел: да нападне и да ги убеди другите дека таа намера е исправна. Не само насловот, туку и целиот текст.

Тоа не е начин за професионално определено новинарство, кое има цел доблесно да ја спроведува својата мисија.

Уште повеќе, доколку се има предвид контекстот на оваа медиумска содржина, тој еманира и дискрминација. Уште еднаш, зошто?

Па, затоа што хајката и медиумската пропаганда против ФООМ и Џорџ Сорос кај нас ја креираше синтагмата „соросиди“ за да се етикетира, дискредитира и да омаловажи одредена група луѓе.

Во анализата „Користењето на терминот „соросоиди“ е дискриминација“ на д-р Мирјана Најчевска, нашиот врвен експерт за човекови права,  се вели дека „терминот се употребува за да се стигматизира одредена група луѓе и сите оние кои медиумот или, пак, јавноста ги вбројува (од најразлични причини) во таа група луѓе“:

„По дефиниција стигмата е непосакувана или дискредитирачка особина, која се придава на лице или група насочена кон снижување на статусот на ова лице или група во очите на заедницата. Стигмата е извор на дискриминација и особено на специфичниот вид дискриминација наречен вознемирување“.

Тоа, сериозен новинар, треба да го препознае кога креира или кога му се поттура таква содржина.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови