verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тривијална ситуација искористена за црна реклама

on 10 - 09 - 2016       

11111-crop

 

[Рецензија: СЕ РАСПАЃААТ: „СДСМ пропаѓа, тоа ми се допаѓа“ е главна тема на социјалните мрежи денес!]

 

Класична црна реклама. Искористена е тривијална ситуација за врз основа на неа да се „изгради“ општ заклучок за распад на најголемата опозициска партија. Расклатена табла не може да биде дефинитивен и апсолутен сигнал за „расклатена“ опозиција, барем не во вистинското новинарство. Колку некој да сакал да е така, еден или два „клинци“ повеќе или помалку не се реален одраз за кондицијата во која се наоѓа политичкиот противник.

1111Линк до оригиналниот напис: СЕ РАСПАЃААТ: „СДСМ пропаѓа, тоа ми се допаѓа“ е главна тема на социјалните мрежи денес!

Датум и време на објавување: 06.09.2016

Датум на рецензирање: 09.09.2016

Рецензент: Владимир Мирчески

 

СВЕТЛЕЧКАТА РЕКЛАМА ИЛИ СДСМ ПРОПАЃА ШТО ТОЛКУ НЕКОМУ МУ СЕ ДОПАЃА?!

Фотографии, таблоидски, што „тераат“ на жолто, секако дека заслужуваат внимание на јавноста, барем на еден дел од неа, зашто објективно ситуацијата е интересна. Светлечка реклама на општинска организација на СДСМ, и тоа во Скопје, како „виси на конец“ е занимливост, новина што е тема на муабет, особено меѓу припадниците на владејачката партија. Значи, од новинарска гледна точка, нема спорно во нејзиното објавување како некаква фото-вест. Проблематичен е текстот со кој оваа информација е проследена.

„Деструкцијата и антидржавното однесување ја доведе СДСМ до распаѓање – за тоа говори и светлечката, односно висечката таблата на ОО на СДСМ во Центар која виси на „клинец“ и се потпира на таблата на ВМРО-ДП за да не падне“.

Прво, станува збор за генерализација – не знам како може од состојбата на една табла да се суди за внатрепартиската ситуација во СДСМ. Основната логика, а камоли професионалното новинарско расудување, јасно кажува дека тоа е ситен елемент, во случајов небитен детаљ, за таков остар заклучок. Врз основа на други далеку посериозни фактори, може и смее да се суди дали некоја партија се распаѓа или не. Паднала или висела една светлечка реклама не е одлучувачки критериум за аргументирање на такви остри формулации.

Второ, очигледно е дека овој „новинарски“ производ е коментар. Кој тоа вели дека опозицијата е „деструктивна и антидржавна“? Извори, соговорници, истражување или, пак, тој што го напишал кусиот црн текст „налепен“ на серијата фотографии, несоодветно искористени за генерализирање на политичките состојби.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот, посочува членот 13 од Кодексот на новинари.

Иако се прави обид, би кажал привиден, дека текстот само пренесува фејсбук-статуси, дискутабилно е колку од тие се автентични објави на поединци, а колку организиран „труд“ на партиски центар за комуникации и јасно е дека тој не е обичен трансмитер на „зборувањата“ на социјалните мрежи. Не, написот е класичен „носач“ на позиција, материјал што треба да покаже дека СДСМ се распаѓа преку примерот на висечката светлечка реклама и тоа во ситуација на предизборен период, со оглед на тоа што предвидениот термин за одржување на предвремените избори е 11 декември.

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти, вели членот 14 од кодексот на новинари.

Оттука, прашањето е чија е таа позиција што ја кажува овој напис: индивидуална, на дел од фејсбук-заедницата или партиска?!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови