verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Трите кода – ликот на претседателката на СЈО, лидерот на СДСМ и логото на партијата

on 6 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

06062016-Kurir-SJO

[Рецензија: СЈО потврди дека Заев лажел колку незаконски прислушувани разговори има предадено]

Првото укажување на недоследностите на оваа медиумска содржина се однесува на амбиентот во кој е создадена. Ако направите преглед на објавените текстови поврзани со прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство одржана на 3 јуни, веднаш ќе видите дека ниту една содржина не е информација, вест, извештај, за темата на таа прес-конференција. Ниту една.

Наместо извештај од таа прес-конференција, објавени се десетина медиумски содржини кои на различни начини го проблематизираат и го поврзуваат работењето на оваа институција со теми кои, очигледно, имаат цел да го нарушат нејзиниот углед и целта што му е дадена.

06062016-Kurir-SJOЛинк до оригиналниот напис: СЈО потврди дека Заев лажел колку незаконски прислушувани разговори има предадено

Датум и време на објавување: 03.06.2016 / 12:17

Датум на рецензирање: 06.06.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ВО РАМКАТА НА ПРОПАГАНДАТА

Меѓу тие објави е и оваа, што ја рецензираме.

Интересно е што таа има два суштински проблема кои не се директно поврзани со содржината на текстот, туку со нејзините придружни елементи – насловот и фотографијата.

Во насловот: „СЈО потврди дека Заев лажел колку незаконски прислушувани разговори има предадено“, отскокнува зборот „потврди“. Кога ќе го преслушате настапот на обвинителката Ристовска од прес-конференцијата на СЈО, никаде не можете да добиете таква „потврда“. Да прецизираме: текстот самиот извлекува заклучок и тој заклучок го става во наслов.

Тоа не е во рамките на професионалните стандарди. Еве, и да прифатиме дека има индикации за да се стигне до таков заклучок, но, за да стигнете до нешто такво, ви требаат дополнителни информации, објаснувања и факти. Тие во оваа содржина ги нема.

За да се стигне до нив, ви треба извор. Тоа треба да биде или некој од СЈО или, зошто да не, самиот лидер на опозицијата за кој во оваа медиумска содржина се тврди дека е „потврдено“ дека лажел.

 

ФОТОМОНТАЖА

На овој неаргументиран и неосновано, од професионално новинарски аспект, изведен заклучок, се „лепи“ фотомонтажата во која претседателката на СЈО и лидерот на опозицијата се прикажани во преден план, додека зад нив доминира логото на најголемата опозициска партија.

Не треба да се биде специјално обучен крипто-разбивач за да ги препознаете кодовите кои од оваа фотомонтажа, всушност, прават – пропаганда. Односно, рамка за наивните да поверуваат дека трите кода, ликот на претседателката на СЈО, лидерот на опозицијата и логото на партијата, претставуваат едно. Едно против сите.

Следствено, станува сосема јасно дека оваа медиумска содржина има цел да го дефокусира вниманието од она што е соопштено на прес-конференцијата – да се отстранат опструкциите што ја попречуваат работата на СЈО.

За среќа, сѐ поголем дел од медиумската публика, веќе ја знае медиумската азбука.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Селективни

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови