Три чекори за да се упропасти текст
Објавено во Рецензии
on 4 - 02 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Волјата на Македонија клучна за фотелјата на Меркел]
Како да упропастите новинарски текст во три-четири чекори?
Постојат многу начини, но во случајот на медиумската содржина што ја рецензираме, тоа е направено со пристрасност и со непотребно контекстуализирање низ придружните елементи на тектсот – фотографиите, илустрацијата и мапата.
Инаку, од аспект на текстуалната содржина и не би можеле да се најдат некои посериозни забелешки. Текстот се повикува на сторија објавена во германски „Билд“, меѓутоа освен името на авторот, нема линк до изворниот текст. Тоа е едно од елементарните правила на интернет-платформите заради потврдување на веродостојноста на пренесената содржина.
Без почитувањето и имплементацијата на тоа правило, читателот може да си постави легитимно прашање дали пренесената содржина е автентична и сеопфатна во однос на оригиналот.
Линк до оригиналниот напис: Волјата на Македонија клучна за фотелјата на Меркел
Датум и време на објавување: 01.02.2016, 15:56
Датум на рецензирање: 04.02.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
МАЛИЦИОЗНИ ФОТОГРАФИИ
Дури и да прифатиме дека изворниот текст во поголема мерка е автентично пренесен, визуелната опрема и презентација на оваа сторија ѝ направиле сериозни оштетувања и ја ставиле во категоријата пристрасни текстови.
Дури три илустрации, од кои една фотомонтажа, се навредливи и коментаторски визави германската канцеларка Меркел. Тие илустрации не се пропорционални на позиционирањето на Ангела Меркел во однос на бегалската криза и во однос на начинот за справување со неа. Напротив, може да се каже дека се малициозни, па дури и груби.
Фотографиите употребени во овој контекст не се автентични, оригинални. Тие се позајмени. Но, ниту за таа постапка не се исполнети елементарните правила фотографиите да бидат придружени со легенди и со објаснувања за нивното потекло, па дури и да бидат испочитувани авторските права.
Нашата проверка покажа дека две од фотографиите се документарни фотки од карневалот во Валенсија, Шпанија, од 2013 година. На крајот од тој карневал, дрвените кукли, кои најчесто низ еден сатиричен пристап, истакнуваат некои актуелни настани и личности, завршуваат во оган.
ТУРИСТИЧКА МАПА!
Но, зошто читателите да се ставаат во ситуација да се прашуваат што значат овие фотографии, од каде се, што треба да порачаат… Оговорите на тие прашања треба да се содржат во рационално објаснување зошто му се додадени на текстот.
Така налага професионалното новинарство.
Најсмешна од сѐ е мапата. Како можело да им падне на памет да земат мапа од некој патувачко-туристички блог кој опишува едно сосема приватно патување низ Балканот, да биде прикажана како балканска рута на бегалците. Навистина – смешно!
И на крајот, но не помалку важно, е фактот дека насловот на македонската варијанта на овој позајмен текст со ништо не се аргументира во главницата на текстот.
Тој, едноставно, виси!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни,
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови