Точната атрибуција е неопходна
Објавено во Рецензии
on 25 - 07 - 2015 Автор: Fatlume Dervishi
[Рецензија: Иселениците се ограбуваат на српскиот автопат]
Точната атрибуција на изворите е еднo од основните начела на професионалното новинарство. Тоа што често се забележува кај медиумите е преземањето информации од разни портали без да се провери оригиналниот извор. Ова практика доведува до распространување на вести што не се проверени и се еднострани.
Линк до оригиналниот напис: “Иселениците се ограбуваат на српскиот автопат”
Датум и време на објавување: 18.07.2015, 18:58
Датум на рецензија: 21.07.2015
Рецензент: Фатљуме Дервиши
Веста што ја рецензираме е преземена од порталот „Aлбинфо“ и истиот е цитиран. Но, оригиналната вест ѝ припаѓа на агенцијата IНА.
Како тема со посебен јавен интерес, во текот на летото е и доаѓањето на иселениците и прашањата што ги засегаат нив. Затоа, не мал број медиуми, во текот на ова годишно време, им посветуваат доста медиумски простор. Меѓутоа, информациите што се преземаат од другите медиуми треба да бидат точно цитирани.
Во конкретниот случај, цитирањето требало да се атрибуира на првичниот извор на веста. Така како што направил порталот „Албинфо“. Освен некоректноста кон медиумот, таквата објава покажува и неодговорност, бидејќи се пренесува непроверена информација.
И фактот дека се цитира медиумот што прв ја објавил информацијата (во овој случај е цитиран вториот медиум), не ја намалува одговорноста на медиумот што ја пренесува информацијата до јавноста. Во овој случај имаме сведоштво на иселеник кој ја искажал својата загриженост за феноменот со кој се соочил. Неговата загриженост е објавена со право, кога се знае големиот бран на иселеници и интересот на јавноста, меѓутоа веста требало да има и извори од српските власти.
За информациите од ваква природа, кои се многу важни за јавноста, но не се потврдени, во Новинарскиот кодекс на Македонија пишува:
Доколку новинарот процени дека непотврдената информација е од јавен интерес, должен е да ја објави, но со јасна назнака дека станува збор за непотврдена информација.
Новинарот може да објави нешто за коешто нема баш докази, ама за кое има доволно индикатори дека е вистина, односно нешто за што постои основано сомневање. Основано сомневање подразбира презентирање на аргументи кои се разумни и кои се индикатор дека нешто е вистина, без да имаме конкретен доказ за вистинитоста.
Новинарот требало да нагласи дека информацијата е непотврдена од други извори, иако со право ја објавил веста заради интересот на јавноста.
Овој недостаток се забележува и кај веста на „Порталб.мк“. Притоа е прекршено и начелото на правилно цитирање, за што Новинарскиот кодекс вели:
Доколку информацијата е преземена или парафразирана од друг медиум, авторско дело или истражување, изворот мора да биде наведен, во спротивно станува збор за плагијатор, а не за новинар.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
ПРИСТРАСНОСТ
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
сензационален
ФОТОГРАФИЈА
има
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови