verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тенденциозни обвинувања без факти

on 17 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

kurir

[Рецензија: Кокаланов во одбрана на „албанската платформа“ преку исмевање на реакциите на Македонците]

 

Текстот што го рецензираме го дискредитира новинарот Сашо Кокаланов, претставувајќи го како предавник на македонскиот народ. За ваквите сериозни обвинувања написот не нуди докази и аргументи ниту, пак, прецизно го посочува  изворот на информациите. Навредливиот говор кон Кокаланов, најверојатно, е испровоциран од некоја негова колумна, но тоа во оваа медиумска содржина не е јасно кажано, а нема ниту атрибуиран линк за да можат читателите изворно да прочитаат и да донесат свои заклучоци за изнесените ставови на авторот. Во текстот има произволни интерпретации и коментари, без да се има директен увид во тоа што точно кажала личноста што се оцрнува.

KokalanovЛинк до оригиналниот напис: Кокаланов во одбрана на „албанската платформа“ преку исмевање на реакциите на Македонците

Датум и време на објавување: 15.02.2016

Датум на рецензирање: 17.02.2017

Рецензент: Силвана Жежова

 

НИТУ ИЗВОР, НИТУ ДОКАЗИ

Текстот не нуди докази за она што го тврди уште во тенденциозниот наслов: „Кокаланов во одбрана на „албанската платформа“ преку исмевање на реакциите на Македонците“. Не може да се утврди веродостојноста на тврдењето дека „Кокаланов директно се потсмева со македонските национални интереси“, бидејќи не е посочено како и на кој начин го сторил тоа. Произволно е протолкуван и наводниот обид за релативизација на платформата на албанските партии, бидејќи нема факти. Материјалот што го рецензираме уште помалку нуди докази дека Кокаланов, наводно, го прави тоа „по нарачка на СДСМ“:

„Со одамна прочитан и неинтересен обид за хумор, Кокаланов директно се потсмева со македонските национални интереси, обидувајќи се да ја релативизира платформата на албанските партии, како тоа да го прави по нарачка на СДСМ и неговата нова политика на промовирање големоалбански идеи“.

Македонска платформа засега не постои, иако има идеи за нејзино формирање од поединци. Оттука, има разлика дали Кокаланов не се согласува со некој од предлозите на поединците (не е наведно кои се тие) и дали, како што се вели, се „исмева“ на нешто што официјално не постои.

 

ИСМЕЈУВАЊЕ

Во текстот, исто така, се забележува исмејување на Кокаланов и минимизирање на неговата професионална биографија.

„Овој некогашен уредник на „Дневник“ и неуспешен придружен член на „хихирику“ (се прослави со неуспешните проекти „Контра Вести“ и слични) не само што воопшто не ја коментира Албанската платформа што е и на линија со однесувањето на СДСМ и сите нивни мегафони, туку и дополнително се исмева со т.н. „македонски платформи“ произлезени единствено како одговор на поединци од мнозинското население во државата кои се чувствуваат загрозени од малцинските максималистички барања“.

Текстот што го рецензираме не се темели на факти и не може да се утврди веродостојноста на наводите. Не е посочен ниту изворот, односно која точно колумна се анализира, за читателот да го спореди изворно напишаното со коментарите и со квалификациите што се наведени во овој текст. Преку обидот за дискредитација на Кокаланов, вмешан е и СДСМ, со што се има интенција да се прикаже нивната наводна поврзаност и заедничко дејствување во поддршка на албанската платформа, а на штета на македонските национални интереси.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови