Тенденциозни и непоткрепени тврдења
Објавено во Рецензии
on 3 - 02 - 2017 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Сорос контролира 65% од шведските евро-парламентарци]
Премногу непоткрепени тврдења има во оваа медиумска содржина. Затоа не можеме да ги наречеме ниту информации, бидејќи, на крајот излегува дека не се тоа.
Да одиме по ред за да бидеме систематични во нашата оценка:
Текстот почнува со заклучок, изведен од некое истражување, дека „шведските евро-парламентарци се најлојални соработници на мултимилијардерот Џорџ Сорос“. Ајде што самиот текст вели дека овие информации се стари неколку месеци, без да наведе колку точно, туку и ги опишува како – „интригантни.“
Значи, првиот сомнеж во врска со оваа содржина се јавува кога ќе се соочите со фактот дека за овие тврдења нема извор. Нема ниту линк до друг медиум кој може да го потврди тоа.
Не веруваме дека едно такво истражување било тајно и нема никаква основа да прифатиме дека е тајна името на компанијата што го направила тоа истражување, бидејки нема зошто да биде тајна.
Линк до оригиналниот напис: Сорос контролира 65% од шведските евро-парламентарци
Датум и време на објавување: 01.02.2016, 16:24
Датум на рецензирање: 03.02.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ОБВИНУВАЧКИ ТОН
Е, сега, ајде да видиме зошто резултатите од истражувањето се – „интригантни“. Првиот аргумент што се нуди за да ја потврди „интригантноста“ е дека 13 од 20 шведски европратеници ги поддржувале вредностите на отвореното општество за кое се залага Сорос.
И што, ве молам, е тука интригантно? И зошто би било интригантно? Вредностите на отвореното општество не се некој заговор, не се некоја тајна политичка агенда. Не се ниту декларативна обврска што произлегува од која било политичка партија во Шведска и која на кој било начин се идентификува со Сорос. Впрочем, и фактот што го регистрира самиот медиум дека тие вредности ги споделуваат и десните и левите партии, говори дека станува збор за вредности, а не за политички програми.
Оваа медиумска содржина не го разјаснува тоа. Во неа не е побарано ниту мислење од експерти за граѓанско општество. Наместо тоа, во заклучокот на овој материјал се разоткрива целата намера. Завршницата на текстот ја констатира врската на шведските политичари со лидерот на СДСМ, за кој се тврди дека ги дели истите вредности на отвореното општество.
Во целиот текст преовладува обвинувачки тон и коментари како оној во заклучокот дека тие што споделуваат вредности на отвореното општество се корумпирани! Туку така, без никаков аргумент.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови