Тенденциозна и пристрасна „беседа“
Објавено во Рецензии
on 7 - 11 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Експертите порачуваат: СЈО да учи од најдобрите]
Еден експерт, а не експерти. Поточно, експертка позната по исклучително необјективното бранење на сè што ќе излезе од политичката кујна на ВМРО-ДПМНЕ, дали тоа било предизборен проект, дали тоа било напад врз СЈО, дали тоа било промовирање нова нереална мерка, дали тоа било политичко однесување несвојствено за една демократија. Поточно, таа поддржува сè со предзак ВМРО-ДПМНЕ, макар тоа и била обична запршка!
Линк до оригиналниот напис: Експертите порачуваат: СЈО да учи од најдобрите
Датум и време на објавување: 31.10.2016, 18:02
Датум на рецензирање: 02.11.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
И ДА Е ЗАПРШКА, АКО Е ОД ВМРО-ДПМНЕ, МОРА ДА СЕ ФАЛИ
Едностраност и пристрасност се главните карактеристики на овој текст. Одат рака под рака како младоженец и невеста. Не се двојат, каде едниот – таму и другиот. Целиот материјал се врти околу тврдењата на една личност. Самиот факт дека се работи за еднина, а не за множина – „експерти“, како што се вели во написот, веќе е проблематично. Но, кога ќе се увиди кој, всушност, е експертот, тогаш целосната слика ни се појавува пред очи. Станува збор за универзитетска професорка која со своите јавни настапи во изминатиот период докажа и покажа дека е сè, само не и објективен набљудувач на политичката ситуација во Македонија. Колку за илустрација:
Титаникот“ на Јанева потона во индициите (Евести, 13.02.2016)
Каракамишева-Јовановска: Кампањите на СДСМ се засноваат на три фронта, сите неуспешни (Република, 06.10.2016)
КАРАКАМИШЕВА: Фејсбук СЈО има проблем со „имиџите (КОЛУМНА, Телеграф, 20.10.2016)
Тања Каракамишева: СЈО заигра кампањски за СДСМ (Прес24, 22.10.2016)
Заев ги брани големите албански апетити за сметка на македонските национални интереси (Нетпрес, 02.11.2016)
Значи, повеќе од јасно е дека станува збор за пристрасен „експерт“. Ако веќе се одело на картата таа да биде соговорник во текстот, тогаш морало да се најде некој кој би бил противтежа, кој би им парирал на нејзините позиции. Но, тоа не е сторено и врз основа само на „анализите“ на „експертката“, изградено е целото четиво. Неприфатливо! Нејзината пристрасност целосно се рефлектира и врз написот, кој, пак, зрачи со необјективност.
Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти – член 14 од Кодексот на новинари.
Но, овој проблем повлекува и друг – штом имаме само еден, еве, да го наречеме извор на информации, тогаш тоа се одразува и врз содржината која не носи посериозна информативна компонента, туку е едноставно пренесување на „беседа“ на „експертката“.
ПАРТИСКО-ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ
Пречи и коментаторскиот тон на самиот почеток на прилогот:
„Неселективен пристап, професионализам а не политика. Специјалното Јавно Обвинителство треба да учи како се работи, а најдобар пример за тоа е Федералното Истражно Биро на САД.
Спрегата меѓу СДСМ и СЈО деновиве беше потврдена и од потпретседатлот на социјалдемократите Кирацовски…“
Токму ваквиот пристап, кој е во спротивност со член 13 од Кодексот, а кој укажува дека „новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“, не треба да има место во „информативни“ прилози.
Сè на сè, на читателите им е понудена нагласено пристрасна и еднострана медиумска содржина, ставена во функција на партиско-политички цели.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови