Тенденциозен наслов, едностран текст, нецелосна вест!
Објавено во Рецензии
on 20 - 09 - 2016 Автор: Adrian Kerimi
Напис: Кога има земјотрес, стражарите во Идризово излегуваат надвор, затворениците остануваат внатре (ФОТО)
Еден вознемирен затвореник испратил неколку слики до адресата на порталот „Тетовасот“, на кои се гледаат затворениците внатре, во една затворска ќелија, за време на синоќешниот земјотрес околу 1 часот и 32 минути, со локална магнитуда од 3,2 степени според Рихтер.
Затворениците испратиле писмо во кое пишуваат дека се наоѓаат на четврти кат и секогаш кога има земјотрес, стражарите излегуваат надвор, а тие остануваат внатре.
„Се наоѓаме на четврти кат зад затворени врати. Секогаш кога има земјотрес, стражарите бегаат надвор, а ние затворениците остануваме зад затворени врати. Би ве замолил, во име на Господ, ако имате душа, пишувајте нешто за нас, затоа што сме многу лошо, тие се надвор и ние сме исплашени, а ние тука внатре не сме нималку заштитени“, пишува во нивното писмо.
[Рецензија:Кога има земјотрес, стражарите во Идризово излегуваат надвор, затворениците остануваат внатре (ФОТО)]
Во случај на природна непогода, улогата на медиумите треба да биде конструктивна, а не хиперболизирачка. Новинарите се тие што први треба да ја почитуваат душевната болка на страните за кои ја пишуваат веста. Не мора да значи дека треба да се алармира за тоа за што се информира, затоа што во такви случаи може да се предизвика паника и од тоа најмногу губат граѓаните.
Текстот што го рецензираме е основан само на една изјава, чија автентичност не е определена. Врз основа на ова изјава поставен е и насловот, кој без соодветни факти воопшто нема професионална нијанса.
Констатацијата од насловот професионално „не држи вода“. Можеби ако беше цитат, ќе имаше професионална основа, но како таков не може да се постави ни од новинарот, а ниту од уредникот. За тоа што е кажано во содржината на текстот, нема факти и релевантни докази кои би потврдиле дека тоа навистина се случува во затворот во Идризово.
„Еден вознемирен затвореник испрати неколку слики до адресата на порталот „Тетовасот“, на кои се гледаат затворениците внатре, во една затворска ќелија, за време на синоќешниот земјотрес околу 1 часот и 32 минути со локална магнитуда од 3,2 степени според Рихтер. Затворениците испратија писмо во кое пишуваат дека се наоѓаат на четврти кат и секогаш кога има земјотрес. стражарите излегуваат надвор, а тие остануваат внатре“.
Линк до оригиналниот напис: „Кога има земјотрес стражарите во Идризово излегуваат надвор, затворениците остануваат внатре (ФОТО)”
Датум и време на објавување: 14.09.2016
Датум на рецензирање: 14.09.2016
Рецензент: Адриан Керими
За да се елиминираат сомнежите и да не се предизвика паника, новинарот е должен да побара официјален став од управителите на затворот. Во овој случај, официјалниот став би ја потврдил или би ја демантирал изјавата на затвореникот. Втората страна создава рамнотежа и е неприкосновен елемент на објективното информирање.
„Се наоѓаме на четврти кат зад затворени врати. Секогаш кога има земјотрес, стражарите бегаат надвор, а ние затворениците остануваме зад затворени врати. Би ве замолил, во име на Господ, ако имате душа, пишувајте нешто за нас, затоа што сме многу лошо, тие се надвор и ние сме исплашени, а ние тука внатре не сме нималку заштитени“, пишува во нивното писмо.
Ако вистинската намера на авторот била да информира за една ваква трагедија, веста има простор за дополнувања. Во оваа насока, еден друг извор ќе беше и Министерството за правда, Народниот правобранител и Управата за извршување на санкции при Министерството за правда. Трите именувани страни се извори кои можат да ѝ дадат професионална насока на веста, пред сè поради фактот што се релевантни да поседуваат информации и да побараат одговорност за судбината и за сигурноста на затворениците.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови