verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тенденциозен напис за Руфи Османи – фотографија без елементи на вест

on 1 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-146-rufi-osmani-i-jep-perkrahje-bdi-se-ne_-http___www-shqipmedia-com_rufi-osm

 

Напис: Руфи Османи на овие избори ѝ дава подршка на ДУИ

Поранешниот претседател на НДП и градоначалник на Општина Гостивар, Руфи Османи, по неговото повлекување од НДП изјави дека веќе нема да се ангажира во политиката. Но, оваа слика до која стигна порталот „Шќипмедиа“, на која се гледа Руфи Османи со министерката од ДУИ, Шухрете Елези, и со потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, по сè изгледа го докажува спротивното. Иако нема информации дали Руфи Османи ќе се врати во политиката, едно е сигурно: неговите симпатии веќе не се за НДП, туку за ДУИ. Кој знае, можеби по изборите и ДУИ ќе го награди со нешто…

 

 [Рецензија: Руфи Османи на овие избори ѝ дава подршка на ДУИ]

Новинарството може да зборува преку фотографија во случаи кога таа е вест и кога нема потреба за дополнителни објаснувања. Во други случаи, заедно со фотографијата, за да се докаже едно тврдење, потребни се и други аргументи. Сликата може да биде појдовна точка по која ќе се наредат аргументите, но не и вест сама по себе.

Според новинарските стандарди, во една вест зборуваат фактите, а не само фотографијата. Треба да имаме предвид дека изреките „сликата ни кажува“ или, пак, „една слика – 1000 зборови“, не секогаш соодветствува со новинарскиот професионализам, особено кога самата фотографија не претставува неприкосновен факт, со јасна и значајна порака. Во новинарството зборуваат фактите.

downloadЛинк до оригиналниот напис: „Руфи Османи на овие избори ѝ дава подршка на ДУИ

Датум и време на објавување: 17.11.2016

Датум на рецензирање: 26.11.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Текстот што го рецензираме е заснован на една фотографија, која во текстот е толкувана според желбата на авторот. Еден од протагонистите на сликата е и еден поранешен политичар, универзитетскиот професор Руфи Османи. Тенденциозноста кон Османи почнува уште од самиот наслов „Руфи Османи на овие избори ѝ дава подршка на ДУИ“. Ваквата наводна поддршка во содржината се настојува да се аргументира со една слика на која се гледа Османи во присуство на високи функционери на ДУИ.

„Поранешниот претседател на НДП и градоначалник на Општина Гостивар, Руфи Османи, по неговото повлекување од НДП изјави дека веќе нема да се ангажира во политиката. Но, оваа слика до која стигна порталот „Шќипмедиа“, на која се гледа Руфи Османи со министерката од ДУИ, Шухрете Елези, и со потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, по сè изгледа го докажува спротивното. Иако нема информации дали Руфи Османи ќе се врати во политиката, едно е сигурно: неговите симпатии веќе не се за НДП, туку за ДУИ. Кој знае, можеби по изборите и ДУИ ќе го награди со нешто…“

Во продолжение, наместо да се набројат факти, во текстот се наредени лични толкувања на новинарот. Јавноста не е информирана околу тоа на каков настан или, пак, во кој контекст е направена оваа фотографија. Читателот не знае што мисли именуваното лице за толкувањето кое е направено во содржината. Без факти и без објаснувања, текстот е тенденциозен и многу лесно може да се нарече и неточен, необјективен и едностран.

Во текстот требаше да има повеќе информации за настанот на кој се сликани личностите кои се споменуваат, потоа да содржи изјви од нив за некоја можна идна соработка на политички план, како што настојува да нè убеди авторот на текстот, но не цитирајќи притоа ниедна од „страните“ и не нудејќи дополнителни факти.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови