Тенденциозен и пакосен напис
Објавено во Рецензии
on 14 - 12 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Со албанска музика и двоглави орли СДСМ прославува пред Владата (ВИДЕО)]
Пред нас имаме куса, но нагласено тендециозна и пакосна објава. Низа обвиненија истурени на адреса на опозицијата како да станува збор за нечиј „страшен суд“, а не за текст што пред сè треба да информира, без, како што е во случајов, дезинформации со конструкции од партиски кујни.
Линк до оригиналниот напис: Со албанска музика и двоглави орли СДСМ прославува пред Владата (ВИДЕО)
Датум и време на објавување: 12.12.2016, 18:20
Датум на рецензирање: 13.12.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
СЕЛЕКТИВНОСТ СО НАЦИОНАЛИСТИЧКИ „ШМЕК“
Чуму вакво четиво? Искрено, нема каква било поента гледано низ професионална призма. Можело сосема комотно да се нотира настанот, да се опише атмосферата, едноставно кажано да се направи репортерски запис без ништо да се прикрие или премолчи.
Дали имало и албански знамиња, зашто сепак доминираа македонското и партиското знаме, на прославата на опозицијата? Да! Дали се слушаше и албанска музика? Да. Сосема доволно да се тргне во раскажување на приказната. Ама, некој решил да повлече нога во друга, би кажале, погрешна насока. Наместо информација – дезинформација, наместо објективен приказ – коментар. „Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“ , вели член 13 од Кодексот на новинарите, но тука не е направена таква дистинкција.
„Иако судејќи по изборните резултати, не е јасно што прославуваа, сепак симпатизери на СДСМ синоќа се собраа пред Владата на РМ за да прослават. Овие видеоснимки се потврда дека проалбанската кампања на СДСМ заврши со победа на албанските аспирации и интереси на опозициската партија и радикалните структури инсталирани високо во врвот на партијата“.
Неразбирливо. Дали граѓаните на Македонија од албанската заедница кои гласале за опозицискиот блок предводен од СДСМ немаат право да го прослават ако ништо друго „тесниот“ резултат? Секако дека имаат, како што имаат и сите лица од другите заедници кои се за некоја од политичките опции што истрчаа на овие избори. Нивното излегување пред зградата на Владата, како и истакнувањето на албанското знаме во никој случај не се новинарски аргумент, ниту, пак, оправдување на тезите дека тоа е некаква си победа на албански аспирации…
„Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви“, член 9 од Уставот на РМ.
Спинуван и изнасилен текст. Намерно се форисрала селективноста за на прославата да ѝ се даде генерално „албански шмек“, иако тоа не е докрај вистинито зашто фотографиите и видеоматеријалите од други медиуми покажуваат ситуација која не се гледа и чита од конкретниот напис.
Ако мислевме дека „баба-рога“ приказните за штетната „проалбанска опозиција“ ќе завршат со изборите, изгледа сме се лажеле. Таквите материјали, кои се множат со брзина на фотокопир, по сè изгледа, ќе продолжат и понатаму да ги бомбардираат сетилата на публиката.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
национална дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови