Текстот заборава кој е на власт, а кој во опозиција
Објавено во Рецензии
on 2 - 12 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев[Рецензија: Заев исто како Шекеринска ќе ја внесел Македонија во Европа]
Под превезот на информација, на читателите им се нуди коментар кој ги напаѓа првите луѓе на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Во ова четиво јасно се препознава намерата да се оцрнат претседателот и заменик-претседателката на најголемата опозициска партија.
Линк до оригиналниот напис: Заев исто како Шекеринска ќе ја внесел Македонија во Европа
Датум и време на објавување: 30.11. 2015, 16:36
Датум на рецензија: 01.12.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
ИЗМЕШАНИ „ЛОНЧИЊА“
Текстот неуспешно прави споредба помеѓу сегашниот лидер на СДСМ и поранешната претседателка на партијата.
„Ваквите зборови на Заев потсетуваат на ветувањата на неговата заменичка Радмила Шекеринска. Пред неколку години Шеќеринска ветуваше влез во НАТО и ЕУ за само шест месеци, но никогаш не кажа како планира да го направи тоа, исто како што е нејасно како Заев ќе ја направи Македонија европска и ќе ја внесел во во Европа.“
И во двата случаи се работи за ветувања во корист на предизборна кампања. Но, написот, случајно или намерно, пренебрегнува дека Шекеринска оваа изјава ја дала на партиски митинг за предвремените парламентарни избори одржани на 1 јуни 2008 година. Тогаш коалицијата Сонце, предводена од СДСМ, ги изгуби изборите, имаше 233.284 гласа и обезбеди мандати само за 27 парламентарци. Наспроти неа, коалицијата За подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, доби 481.501 глас и освои 63 пратенички места. По изборите, Шекеринска поднесе оставка на лидерската функцијата, преземајќи ја одговорноста за слабите изборни резултати.
Значи, во 2008 година, СДСМ доживеа изборен пораз и остана во опозиција. Затоа е неразбирливо како може да се очекува да се остварат изборните ветувања кога партијата не успеа да дојде на власт.
Ако се сакало текстот да биде содржаен, се можело да се потсети од кога е Македонија заглавена на патот кон ЕУ. На пример, да се каже во кое време земјата доби кандидатски статус, а какви извештаи добиваме сега од Брисел.
Во однос на обвинувањата дека Заев дава лажни ветувања, сепак, треба да се почека исходот од изборите, да се види дали СДСМ ќе победи и, доколку дојде на власт, да се следат нивните ветувања, па потоа тие да се оценуваат дали се остварени или не.
Според тоа, овој текст, освен што е целосно коментаторски, ги измешал и лончињата. Ја обвинува опозицијата за нешто што треба да го направи власта.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
2 извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови