Текстот секогаш треба да има и втора страна
Објавено во Рецензии
on 19 - 02 - 2016 Автор: Xhenis Sulimani
Напис: „Политичките пријатели“ на Зоран Заев (ФОТО)
Лидерот на македонската опозиција вечерва во еден скопски ресторан приредил вечера за своите „советници“. На оваа трпеза се гледа и новинарот Мухамед Зекири, кој, како што се гледа од самата фотографија, со нетрпение чекал да направи една „селфи“ со лидерот на македонската опозиција.
По социјалните мрежи се зборува дека овие можеби се и „советници“ на Заев и за време на вечерата можеби разговарале за стратегијата на опозицијата во иднина, како и за законот за медиуми (?!), известува „Тетова сот“.
Инаку, Заев последниве денови се сретнал и со лидерите на помалите партии на Албанците, како што е Гзим Острени, Зијадин Села, Весел Мемеди, при што не е исклучена и можноста за предизборна соработка.
[Рецензија: „Политичките пријатели на Зоран Заев (ФОТО)]
Новинарот често „се губи“ обидувајќи се да известува врз основа на својата перцепција за настаните, а ни малку врз основа на фактите со кои треба да ја прецизира веста што сака да ја пренесе пред јавноста, пред која треба да сноси и одговорност. Во рецензираниот текст, има етикетирања за одредени личности, како воопштени, така и такви со име и со презиме.
Линк до оригиналниот напис: „„Политичките пријатели“ на Зоран Заев (ФОТО)”
Датум и време на објавување: 04.02.2016
Датум на рецензирање: 12.02.2016
Рецензент: Џенис Сулимани
Овој текст е базиран на една единствена слика за која авторот пишува како што му е нему по ќеф, без да се потруди да земе изјава од некој од протагонистите на настанот за да има подобро објаснување.
„Лидерот на македонската опозиција вечерва во еден скопски ресторан приредил вечера за своите „советници“. На оваа трпеза се гледа и новинарот Мухамед Зекири, кој, како што се гледа од самата фотографија, со нетрпение чекал да направи едно „селфи“ со лидерот на македонската опозиција“.
Авторот го почнал насловот со „Политичките пријатели“ на Зоран Заев, алудирајќи така на новинарите кои се присутни во вечерата заедно со лидерот на СДСМ, а некаде околу средината на текстот „пријателите на Заев“ ги претвора во „советници“. Потоа тој шпекулира дека овие вторите можеби разговарале за стратегијата на опозицијата (без да каже за каква стратегија мисли конкретно). Велам, шпекулира затоа што во текстот не е опфатена и другата страна, со што би се потврдило тоа што го напишал авторот. Ниту еден од оние што ги гледаме на сликата не е опфатен како извор за напишаниот текст. Во продолжение авторот се обидува да ја образложи оваа „сензација“ со коментарите од социјалните мрежи, извор кој не секогаш е релевантен за еден вистински новинарски напис.
„По социјалните мрежи се зборува дека овие можеби се и „советници“ на Заев и за време на вечерата можеби разговарале за стратегијата на опозицијата во иднина, како и за законот за медиуми?!, известува „Тетова сот“.“
Јавноста има потреба за објективно, а не субјективно известување. Новинарските продукти кои не се целосни, не се сеопфатни, кои не се засноваат на најмалку два извори и кои се без факти, не можат да бидат објективни и како такви се претвораат во коментари маскирани како вест, прекршувајќи го на овој начин основното начело на новинарството, односно да се биде објективен.
„Новинарот треба да обезбеди „втора страна“, односно да им даде можност на сите засегнати од новинарскиот продукт да го искажат својот став. Ова уште повеќе доаѓа до израз кога новинарот изнесува сомневања или обвинувања или кога некој е предмет на напад или критики“, пишува во Прирачникот за етика во новинарството.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
Се базира на сликата
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
не аплиактивно
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови