verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текстот не ги гледа тепачите, а виде платеници!

on 12 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Кој е платеникот што сакаше да го злоупотреби маратонот_ - http___zurnal.net_

[Рецензија: Кој е платеникот што сакаше да го злоупотреби маратонот и го поттикна гневот на граѓаните?]

 

Ова е едностран текст кој е политички мотивиран, односно има цел јавно да обележи и да жигоса политички неистомисленици.

Кој е платеникот што сакаше да го злоупотреби маратонот и го поттикна гневот на граѓаните zurnal.netЛинк на оригиналниот напис: Кој е платеникот што сакаше да го злоупотреби маратонот и го поттикна гневот на граѓаните?

Датум и време на објавување: 09.05.2016

Датум на рецензирање: 11.05.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ЖИГОСУВАЊЕ

Уште во самиот наслов и на почетокот од текстот имаме жигосување на активист на левичарското движење „Солидарност“, како „платеник и соросоид“.

„Еден од соросовите платеници вчера се обиде да го злоупотреби и исполитизира скопскиот маратон со транспарент на кој беше испишана политичка порака. Ваквиот негов потег го поттикна гневот кај граѓаните.“

Прво, нејасно е од каде посочениот е „соросов платеник“, како што се истакнува во написот, односно дали медиумот кој ја пласирал оваа вест располага со конкретни и цврсти докази. Второ, нејасно е кои се тие граѓани кои биле бесни од содржината на транспарентот што го држел посочениот активист.

Имено, како што објавија од Солидарност, на нивната веб – страница, луѓето кои физички го нападнале нивниот активист биле најверојатно луѓе од обезбедувањето на Град Скопје. Доколку ваквата информација е точна, тогаш во никој случај не може да стане збор за револт на случајни граѓани. Ваквата реакција од Солидарност, не е пренесена во овој напис, што го прави едностран и новинарски непрофесионален.

Текстот и во завршниот дел го жигосува активистот на Солидарност, повикувајќи се на напис на Мирка Велиновска:

„Токму за Цацановски новинарката Мирка Велиновска во текст насловен („Нема паравда, нема мир“, за да има пари!) пред две недели пишуваше дека е главен во Оперативниот штаб на СДСМ и СОРОС.“

Од Солидарност, исто така,  реагираа на ваквиот текст на Велиновска, посочувајќи дека:

„Нашата посветеност на протестите ја тера Велиновска да го опише ЛД „Солидарност“ како терористички „оперативен штаб“ на имагинарните „странски служби“ и „мрачни сили“ кои ја уништувале Македонија.“

Се разбира, и за ваквата реакција не се најде место во овој напис.

Кога некој се напаѓа, професионално е да се пренесе и негов став или, како во случајов, став на организацијата, чијшто член е Цацановски. Намерата на овој текст е очигледна, а тоа е без никакви цврсти докази и факти да се нападне политички неистомисленик и да се одвлече вниманието од инцидентот, во кој беше нападнат граѓански активист.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делуимно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови