verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текстот мора прецизно да одговори каде се случил настанот

on 12 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Детали за убиството во Центар Убиецот испукал 15 куршумиPress24-crop-resize

 

[Рецензија: Детали за убиството во Центар: Убиецот испукал 15 куршуми]

 

Уште во самиот наслов на текстот, новинарот се обидува да го изманипулира читателот да ја кликне веста и да го отвори текстот, наведувајќи го на мислење дека убиството се случило во Македонија. Тоа не е професионален пристап. Точно се знае дека новинарот мора да информира точно и прецизно да го лоцира местото и времето на настанот.

Детали за убиството во Центар Убиецот испукал 15 куршуми Press24Линк до оригиналниот напис: Детали за убиството во Центар: Убиецот испукал 15 куршуми

Датум и време на објавување: 09.12.2015

Датум на рецензирање: 11.12.2015

Рецензент: Симона Атанасова

Насловот информира за некакво убиство што се случило во Центар, но не е прецизирано дека станува збор за центарот на Белград, што го наведува читателот да помисли дека станува збор за скопската општина Центар.

По трката за кликнувања, новинарот се служи со сензационализам, а истовремено шири паника и страв кај читателите, бидејќи во насловот вели дека се случило убиство со истрелани 15 куршуми во место кое има исто име како една општина во Скопје.

Новинарските текстови не смеаат да се занимаваат со манипулации, туку треба точно да лоцираат и во борбата за публика да не го збунуваат читателот кој очекува точна и проверена информација. Има стандарди по кои се работи еден текст. Зошто, тогаш, постојат пет прашања на кои секогаш треба да одговори текстот? Едно од нив е и „каде“, нели? За текстов не важат тие правила, затоа и е непрофесионален.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови