verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текстот ги виде кутиите, ама не ги виде специјалците

on 1 - 07 - 2016       

Kurir za izborite SPUKM

[Рецензија: Според правилникот гласачките ливчиња се бројат во СПУКМ]

Ова е текст кој како да известува за работи што не се случуваат во Македонија, туку некаде во Индија… Она што фрапира е што е невозможно покрај сите работи што се појавија на социјалните мрежи и по порталите да не се знае што точно се случило, односно да го нема тоа во текстот.

 

studenti SPUKMЛинк до оригиналниот напис: Според правилникот гласачките ливчиња се бројат во СПУКМ

Датум и време на објавување: 30.06.2016, 17:40

Датум на рецензирање: 01.07.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ОД ПОЧЕТОК СО НЕВИСТИНИ

„СДСМ и платениците продолжуваат со своите сценарија за делегитимирање на изборот за Претседател на студентите на Универзитететот Св. Кирил и Методиј.“

Првата невистина ја има уште во првиот пасус. Тоа е нешто што се вметнува упорно во многу текстови во последниве две години – дека СДСМ стои зад некакви сценарија. Најавата за бојкот на студентските избори беше објавена неколку дена пред тие да се случат. Тоа и официјално беше потврдено од „Студентски пленум“, чии членови се решија на блокада на овие избори затоа што тие, според нив, се недемократски и промашени. Како што велат оттаму, две години ова раководство на Студентскиот парламент е нелегитимно, а проблем е и тоа што изборите се во месеци кога на факултетите нема студенти.

Друга работа е што изборниот ден беше полн со нерегуларности. Сепак, сето ова го нема во текстот, но можеше да се прочита во другите медиуми. Ако овие моменти беа запазени во написот, можеби тогаш ќе можеше да се каже дека тој е објективен и содржен.

 

ПОЛОВИЧНИ ДОКАЗИ НЕ СЕ ДОКАЗИ

„Од постоењето на СПУКМ и организирањето на избори за нивни лидер, но и според правилникот за спроведување на избори, гласачките кутии, запечатени се носат во просториите каде што е сместена изборната комисија каде што официјално се пребројуваат гласовите од изборниот процес“.

Можеби и во овој пасус се говори вистината. Можеби, навистина кутиите запечатени се носат во изборната комисија. И, можеби, навистина тоа е според правилникот. Ама, каде е тој правилник? Текстот не нуди доказ со цитирање членови од правилникот или барем со фотокопија од тој член, за да може да му се верува. Напротив, имаме само нафрлање, без да се аргументира. Исто така мора да се види дали во правилникот пишува дека кутиите со трчање се носат преку половина град за да стигнат до седиштето на СПУКМ, дали притоа тие се носат со специјални единици и дали цела вечер се бранат со десетици хермелини и водени топови. Ако сето тоа го пишува во правилникот, можеби и овој пасус е во ред.

Текстот, како што почнува, така и завршува. Со невистини. Не е точно дека студентите кои протестирале направиле инцидент, туку е обратно, полицијата ги туркаше пред седиштето на СПУКМ. Сѐ на сѐ, ова е целосно необјективен, несодржаен и невистинит текст, кој не заслужува да се нарече новинарски.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови