Текст за внатрепартиска кавга, без внатрепартиски извор!
Објавено во Рецензии
on 31 - 10 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Кавга за место: Платениците на Сорос на листите на СДСМ – членството незадоволно]
Текст базиран на шпекулации, текст со квалификации, текст со задача што наликува на нарачка…. Имаме напис што се занимава со внатрепартиски процеси, ама без да извади ниту еден внатрепартиски извор.
„Партиските членови се разочарани од Зоран Заев бидејќи според нив платениците на Сорос, не само што земаат пари преку невладини организации, туку и ќе влезат во парламентот“.
Линк до оригиналниот напис: Кавга за место: Платениците на Сорос на листите на СДСМ – членството незадоволно
Датум и време на објавување: 29.10.2016, 15:35
Датум на рецензирање: 29.10.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
„БРАНКОВИСТИТЕ“ КАКО СТРАШИЛО ЗА АКТУЕЛНИОТ СДСМ
Во веродостоен текст би требало да се наведе некоја изјава, макар и анонимна, да се назначи за кој дел од членството се мисли кога се вели дека се разочарани зашто токму на тоа членство в уста му се ставаат формулации од типот платеници, Сорос итн. За волја на вистината, понатаму во текстот се споменува одредена групација која, сепак, е премногу општа и многу често во вакви текстови се злоупотребува.
„Место на листите нема да има за таканаречените „бранковисти“, или пак нивното присуство на листите биде симболично и тоа поради стравот кој Заев го има од екс лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски“.
Произволна формулација со сомнителна заднина, а и вистинитост. Па, нели актулениот лидер и неговиот претходник заедно влегоа на последниот партиски конгрес? Прашањето е ако имало страв, дали тоа ќе се случело?! Значи, се пласираат тврдења кои до некаде се и контрадикторни.
„Фалинка“ е и очигледниот недостиг од извори информации, па се оди во крајност – објавување информации без тие да се проверат, односно класично шпекулирање.
„Веројатно место на листите на СДСМ ќе има и за Мухамед Зекири, Џељо Хоџиќ, Уранија Пировска, Марјан Забрчанец и Симона Спировски“.
Дали е прашан некој од споменатите? Не! Ова, пак, е поаказател за исклучително ниска новинарска ангажираност.
„Извесно е дека на партеничките листи на СДСМ ќе се најде Петар Богоевски, внук на осудениот за криминал Слободан Богоевски кој деновиве по налог на Заев има задача а шири лаги против ВМРО-ДПМНЕ“.
Сериозно обвинување „истурено“ низ коментар. Да кажете дека некој во нечие име шири лаги, а притоа да не изнесете аргумент, тогаш зборуваме за сериозен непрофесионализам.
Набројавме неколку примери каде без дилема имаме прекршувања на некои од стандардите на професијата наведени во Кодексот на новинари. Материјалот многу наликува на инструирано четиво за меѓупартиска пресметка, во која за строго одредени цели, се користат „духови од минатото“ како своевидни страшила за денешницата.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови