Текст за една употреба
Објавено во Рецензии
on 28 - 07 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев[Рецензија: ВЕРУВАЊА: КАКО ДА НАПРАВИТЕ МАГИЈА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИЗГУБЕНАТА ЉУБОВ]
„Луѓето ќе веруваат во она во што медиумите им кажуваат да веруваат“ – Џорџ Орвел.
Читајќи го внимателно текстот што е предмет на рецензија, не можеме да ја исклучиме веројатноста дека постојат и луѓе што можат да поверуваат на содржината што е објавена под сензационалистичкиот наслов. Се работи за манипулација со онаа публика која лесно наседнува на приказните за чудотворци, бајачки и за исцелители, па и на ваков текст за магии.
Линк до оригиналниот напис: ВЕРУВАЊА: КАКО ДА НАПРАВИТЕ МАГИЈА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИЗГУБЕНАТА ЉУБОВ
Датум и време на објавување: 19.07.2016
Датум на рецензирање: 27.07.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
МАГИИ, БАЈАЧКИ, ГАТАЧКИ
Во медиумите неретко се среќаваат вакви текстови. Ако ја разгледуваме вистинитоста, потрагата нема да нè однесе далеку. Во текстот нема ниту извор што ќе го потврди тоа, ако извор за ваква работа воопшто и може да се најде?!
Текстот, исто така, не може да се пофали со голема содржајност, а не може ниту да се очекува да биде содржаен кога третира информација што навлегува на полето на мистиката и на сензационализмот.
Кога постои недостиг од знаење, граѓаните се подложни на манипулации. Наместо да го штити јавниот интерес и да ги одврати од штетата што можат да им ја направат ваквите текстови за магии, бајачки, гатачки кои наводно нудат решенија кои се крајно проблематични, неиспитани, екстремни и често опасни, во текстот има категорични тврдења дека се ефикасни и делотворни. И тоа во 21 век?!
Инаку, познато е дека вакви текстови ќе предизвикаат повеќе кликнувања и посети, ама тоа не го прави и написот професионален. Така што, ова е само уште една објава за една употреба, да се искористи и да се фрли.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови