Текст со партиска диоптија
Објавено во Рецензии
on 25 - 04 - 2016 Автор: Владимир Мирчески
[Рецензија: Заев бега од преговори, СДСМ и СОРОС сакаат ескалација на кризата]
Површно, паушално и коментаторско – тоа се карактеристиките на овој материјал кој, очигледно, сака на исклучително сложената ситуација да ѝ даде едно несоодветно поедноставување и обележување на виновникот, притоа искривувајќи ја реалната слика за состојбата. Би кажале – напис пишуван низ партиски очила.
Линк до оригиналниот напис: Заев бега од преговори, СДСМ и СОРОС сакаат ескалација на кризата
Датум и време на објавување: 20.04.2016 14:08
Датум на рецензирање: 24.04.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
УПРОПАСТЕНА ВЕСТ
Имаме три параграфа, два од нив коректни, ама третиот (заклучокот) – не. Со само една реченица, урнисан е текст што можел да помине како куса, ама солидна информација. Од оваа последна реченица во написот, потоа е извлечен и тенденциозниот наслов: „Заев бега од преговори, СДСМ и СОРОС сакаат ескалација на кризата“, со кој, всушност, целосно е упропастена веста.
Во ред, вест, и тоа голема, е дека опозицијата го условува заминувањето на преговарачката средба во Виена со исполнување на две барања – повлекување на одлуката за помилување на политичари и свикување седница на Собранието на која би се одложиле изборите закажани за 5 јуни. Ама, секако, не е информација, барем не веродостојна и проверена, тврдењето, или попрецизно финалниот коментар:
„По оваа прес-конференција на Заев сосема е јасно дека тој и СДСМ бегаат од разговори во Виена и нивната цел не е решавање на кризата туку нејзино продолжување и продлабочување.“
Од каде ваквиот заклучок? Врз основа на што се тврди дека опозицијата сака продлабочување на кризата? Факти нема, исто и аргументи, извори не постојат, ги нема ниту вообичаените „дознаваме“„доверливи извори“, „партиски брифери“, „анонимни дипломати“… Со други зборови, нема какви било реални докази, интерпретирани низ новинарските алатки, за да се поткрепи сериозната, но и опасната формуалција насловот, дека „СДСМ и СОРОС сакаат ескалација на кризата“. Оттука, вистинитоста е разјадена однатре.
Текстот имал можност да се постави на здрави основи – на тоа што лидерот на опозицијата го изјавил и потоа да се развива приказната. Можело дополнително да се праша во СДСМ што значи таквиот нивни потег, дали, ете, го опструираат процесот, вршат притисок врз власта итн., па врз база на добиените одговори да се гради четивото, да се побара мислење од Европската комисија, како иницијатор на виенската средба, па ставови на експерти, за тие да го протолкуваат потегот на врвот на опозицијата.
А не вака, од нигде никаде залепено обвинување кое се „потпира“ на воздух, односно виси само по себе…
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови