Текст потпрен само на фејсбук-статус
Објавено во Рецензии
on 1 - 12 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: Во Сити Мол во Скопје фатено возило со пушки, муниција и оружје]
Овој материјал е преземан од друго место, каде што е направен текст од статус на „Фејсбук“. Тоа е крајно несериозно за еден новинарски текст, како и за самата телевизија, која е доста гледана во регионот. Притоа, текстот се служи со погрдни зборови со кои се претендира да се омаловажи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Во Сити Мол во Скопје фатено возило со пушки, муниција и оружје
Датум и време на објавување: 29.11.2015
Датум на рецензирање: 30.11.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
Статус на „Фејсбук“, напишан по „дојава на очевидец“, станува текст во еден „портал“, а оттаму „веста“ добива место на веб-страницата на една регионална телевизија. Потоа, истата „вест“ се прошири и на социјалните мрежи без да има потврда за неа.
„Попладнево, околу 14 часот на паркингот на Сити Мол била спроведена акција на заплена на возило кое според очевидци било полно со оружје, муниција и бомби. Од полицијата не потврдија ваква информација, но тоа не е ни чудно ако имаме во предвид дека на челната позиција на полицијата раководи човек кој правеше селфи фотографии со јатаците на терористите од Диво Насеље, пишува порталот infomax.“
Во написот што е пред нас, не се забележува дека е направен напор ваквата преземена (дез)информација (зачинета со кометари), да се провери во Министерството за внатрешни работи. Тоа е целосно непрофесионално и се коси со принципите на етички исправното новинарство, кои налагаат:
Точноста на информацијата да се провери колку што е тоа можно (прв амандман)
Од друга страна, нејасно е каква врска имаат фотографиите на министерот за внатрешни работи со наводната заплена на оружје и на муниција во „Сити мол“?!
Самиот материјал, инаку, е полн со навредливи зборови кон министерот Оливер Спасовски, што е недозволиво за еден новинарски производ.
Поради сето ова, текстот што е предмет на оваа рецензија заслужува негативна оценка.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови