verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст погоден од астероид!

on 19 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

republika asteroid

[Рецензија: Астериод ќе не погоди на 16 мај, а светската војна ќе почне во јуни]

 

Текстот предизвикува вчудовиденост и реакции од типот „Што сè нема во медиумите“!  А тoa што во моментот ја читате оваа рецензија значи дека сте меѓу среќниците што го преживеале падот на астероидот!

asteroidЛинк до оригиналниот напис: Астериод ќе не погоди на 16 мај, а светската војна ќе почне во јуни

Датум и време на објавување: 14.05.2016, 13:06

Датум на рецензирање: 17.05.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ПЕРУАНСКИОТ ПРАВНИК И АСТРОНОМИЈАТА

Овој напис е пишуван и пласиран во сензационалситички манир. Тој уште во насловот ни соопштува дека сигурно ќе нè погоди астероид  и дека светска војна ќе почне во јуни!  Неговата единствена цел  е да привлече што поголемо внимание и читаност, притоа пренебрегнувајќи го фактот дека ја измамува пупбликата и свесно шири паника. А тоа не е новинарство.

Написот, веројатно  е „позајмен“ од друг медиум, каде со ист наслов е објавен пред два месеца  (31 март 2016 г.), но тоа не е кажано. Инаку,  текстот се повикува на „видовитиот Пастор Рикардо Салазар“, кој

„предвидува дека Кина и Русија ќе заочнат војна против САД три месеци откако Европа, поради наезда на бегалци, ќе ги затвори своите граници…“

Во написот Салзар е претставен само како „перуански правник кој живее во Јапонија, а има план да го изгради најголемиот христијански храм на светот“  и тој  раскажува дека

„во соништата и предвидувањата му се јавил Бог и му декол дека всушност тој е канал за пренесување на предвидувањата“.

IFrameОд оваа објава не може да се разбере каква врска има „перуанскиот правник“ со астрономијата и проучувањето на движењето на небеските тела, со геостратегиската политика, глобалните движења и со економските процеси и зошто читателите да им веруваат на неговите прогнози, како, на пример, онаа дека во

„Март 2017: Кинескиот јуан ќе стане првата глобална валута“.

Вакви (дез)информации за трета светска војна и предупредувања дека на планетата Земја ѝ  се заканува огромен астероид, постојано се појавуваат во медиумите. Тоа, меѓу другото, говори и на кое дереџе е дојдено македонското новинарство, кога главни теми ни се баба Ванѓа, Нострадамус, Иван исцелителот, јасовитката Клеопатра…

Четива без никаква новинарска вредност и кои се пласираат само заради повеќе кликнувања.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови