verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст кој веќе го прогласи победникот на изборите

on 19 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

kurir-so-pisanie-za-sdsm

[Рецензија: Провиден обид за нова деструкција и конфликтност од страна на СДСМ: Повторно наместо проекти и програма сакаат бегство од избори со предвидливи и срамни потези]

 

 

Написот изнесува невистини во однос на дејствувањето на опозицискиот СДСМ, а поводот е тоа што беше предводник на граѓанскиот марш на 11 Октомври. Со маршот, организаторите го одбележаа Денот на востанието во Македонија и испратија порака за слобода, што никаде во текстот не се спомнува, иако е искористена фотографија од тој настан. Ова демократско право на протестирање не може да се доведе во корелација со програмата на СДСМ, која начелно партијата ја претстави на последниот конгрес на 2 октомври, со наслов „План за Македонија“.

 

fireshot-capture-32-providen-obid-za-nova-destrukcijaЛинк до оригиналниот напис: Провиден обид за нова деструкција и конфликтност од страна на СДСМ: Повторно наместо проекти и програма сакаат бегство од избори со предвидливи и срамни потези

Датум и време на објавување: 13.10.2016

Датум на рецензирање: 18.10.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

 

ТВРДЕЊА БЕЗ ПОТКРЕПА

Текстот не нуди потврда дека членовите на СДСМ на социјалните мрежи изразуваат разочарување од партијата. За коментарите од „Фејсбук“, кои наводно треба да го поткрепат ова тврдење и се ставени најдолу во текстот, не се знае ниту под чиј и каков статус се напишани, а истите можат лесно да бидат исценирани од политичкиот опонент. Исто така, за експертот не постои квалификација опозициски или провладин, тој или е експерт или не е. А кога сме веќе тука, уште помалку со сигурност треба да се тврди кој ќе биде победникот, а кој губитникот.

„Членовите СДСМ по социјалните мрежи искажуваат разочарување и се прашуваат до кога СДСМ ќе ја држи цела држава во криза. Ниту меѓу опозициските експерти веќе нема дилеми. СДСМ го чека нов пораз на изборите на 11 декември“.

Овој дел од текстот дезинформира во однос на ефектот од прислушуваните материјали и наводната партизација на Специјалното јавно обвинителство, кое е формирано поради прислушуваните разговори. Овие материјали имаа ефект врз промените на политичката сцена, бидејќи многу министри и првите луѓе на одредени институции се сменија, а како резултат на Договорот од Пржино, произлегоа и техничките министри.

Земјата долго време е во политичка криза, а претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска ги распиша изборите на 11 декември. За „урнисувањето на градот“ не е прецизирано за што конкретно се тврди.

„Прислушуваните материјали, партизацијата на Специјалното обвинителство и урнисувањето на главниот град, не дадоа никаков ефект. Рејтингот на СДСМ се уште далеку зад оној на ВМРО-ДПМНЕ“.

 

ТЕКСТОТ СЕ ПОБИВА САМИОТ

Во однос на пишувањето за рејтингот (Рејтингот на СДСМ се уште далеку зад оној на ВМРО-ДПМНЕ), текстот се демантира самиот, бидејќи и аналитичарот чија изјава во текстот е пренесена го побива тврдењето дека разликата на рејтингот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е голема.

„ВМРО-ДПМНЕ од една страна веројатно по изборите ќе се збогува со комотното мнозинство, а СДСМ има малку време да ја надомести разликата во рејтингот, која не е веќе така голема, но сепак постои – вели Марковиќ во изјава за Дојче Веле“.

Поводот за дискредитација на опозициската партија е тоа што го предводеше граѓанскиот марш, настан кој во насловот на текстот се оценува како „обид за нова деструкција и конфликтност од страна на СДСМ“. Текстот не е сеопфатен и целосно содржаен, бидејќи маршот е искористен како повод за да се шпекулира во однос на рејтинзите на партиите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

повеќе извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови